Јан ван Хејсум
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Јан ван Хејсум (хол. Jan van Huysum или Huijsum), (15 април 1682 - 8 февруари 1749) бил холандски сликар.
Бил син на Јустус ван Хејсум, кој бил вешт декоратор на порти, паравани и вазни. Една негова слика е зачувана во галеријата во Брауншвајг, на која е насликан „Орфеј и ѕверовите во шумовит пејзаж“, и тоа дава објаснение за наклоноста кон пејзажи на неговиот син од обичен и аркадски тип; Јан ван Хејсум, иако бил вешт сликар на мртва пирода, се сметал себеси дека е генијален пејзажен сликар.
Половина од неговите слики во јавните галерии се пејзажи, погледи на измислени езера и пристаништа со невозможни рушевини и класични зданија, и шуми со високи, неподвижни дрва - сето тоа мошне сјајно и измазнето, и сосема безживотно. Најстарото вакво дело му датира од 1717, и се наоѓа во Лувр. на него се прикажани моми во забел како бираат цвеќиња близу гроб, рушевини од портико, и далечен дворец на бреговите на езеро окружено со планини.
Некои од најдобрите негови слики со цвеќе и овошје се наоѓаат во приватни збирки во Англија: оние од 1723 во глеријата на ерлот од Елезмир, други од 1730-1732 во збирките на Хоуп и Ешбуртон. Еден од најдобрите примероци сега се наоѓа во Националната галерија во Лондон (1736-1737). Ниеден друг јавен музеј нема подобри и побројни дела од Лувр, кој има четири пејзажи и шест табли со мртва природа; потоа доаѓаат Берлин и Амстердам со четири цветно-овошни дела; потоа се Санкт-Петербург, Минхен, Хановер, Дрезден, Хаг, Брауншвајг, Виена, Карлсруе, Бостон и Копенхаген.
[уреди] Наводи
Оваа статија содржи текст од дело во јавна сопственост: „“. Encyclopædia Britannica (XI). (1911). Cambridge University Press.
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Јан ван Хејсум“ |
[уреди] Надворешни врски
- Кратка биографија и две слики (англиски)