Јаков (печатар)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Првиот печатен часослов на Јаков од 1566 г.

Јаков (Камена Река, ден. Македонска Каменица, XVI век) — првиот македонски печатар. Потекнувал од свештеничко семејство. Во обновената печатница на Божидар Вуковиќ отпечатил часослов на црковнословенски јазик во 1566 година, украсен со илустрации, знаменца и вињети. Еден добро зачуван примерок има и НУБ „Климент Охридски“ во Скопје.[1][2]

Наводи[уреди]

  1. Харалампие Поленаковиќ, Белешки за првиот Македонец-печатар Јаков од Камена Река, „Нова Македонија“, Скопје, 1, 2 и 3 мај 1957 (Избрани дела, трето дополнето издание, 6, Скопје, 2007, 14-16)
  2. Михаило Георгиевски, Македонската печатарска дејност (1915-1913), Скопје, 1972, 30–31