Јазици во Папуа Нова Гвинеја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Папуа Нова Гвинеја Јазици во Папуа Нова Гвинеја Папуа Нова Гвинеја
Официјален јазикток писин, англиски, хири моту, папуански знаковен јазик
Лингва франкаток писин
Демографија на Папуа Нова Гвинеја

Во Папуа Нова Гвинеја се застапени преку 850 јазици меѓу разните племенски групи, со што оваа земја има најголема јазична разновидност во светот.[1][2] Службени јазици се ток писин, англискиот, хири моту и папуанскиот знаковен јазик. Најзастапен е ток писин, кој е англиски креол и служи како лингва франка во државата. Во 2015 г. папуанскиот знаковен јазик станал четврт службен јазик, и се користи од глувите лица во земјата.

Англиски[уреди | уреди извор]

Иако англискиот е службен јазик во Папуа Нова Гвинеја, истиот го владеат само 1–2 % од населението.[3]

Ток писин[уреди | уреди извор]

Ток писин е англиски креолски јазик со службен статус во Папуа Нова Гвенија и е најраспространетиот во земјата. Сепак, во делови од покраините Западна, Заливска, Централна, Оро и Милн Беј, јазикот има пократка историја на употреба и не е толку сеприсутен, особено меѓу постарите лица.

Хири моту[уреди | уреди извор]

Хири моту (полициски моту или само хири) е упростена варијанта на јазикот моту од австронезиското семејство.

Унзердојч[уреди | уреди извор]

Унзердојч (рабаулски креолски германски) е германски креолски јазик кој се говори претежно во покраината Источна Нова Британија. Претставува единствениот креолски јазик произлезен од германскиот.

Папуански јазици[уреди | уреди извор]

Вон Папуа Нова Гвинеја, папуанските јазици се присутни и во Индонезија, Источен Тимор и Соломонските Острови.

Австронезиски јазици[уреди | уреди извор]

Говорниците на јазици од австронезиското семејство дошле на Нова Гвинеја пред околу 3.500 години.

Австронезиските јазии се широко распространети во светот, од малгашкиот на Мадагаскар на запад, па до рапанујскиот на Велигденскиот Остров на исток и формозанскиот на Тајван на север. Семејството има неколку главни гранки, од кои сите освен една се присутни само на Тајван.

Писменост[уреди | уреди извор]

64,2 % од населението на Папуа Нова Гвинеја над 15 години е писмено.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Seven decades after Independence, many small languages in India face extinction threat“.
  2. A.V. (24 July 2017). „Papua New Guinea's incredible linguistic diversity“. The Economist. Посетено на 20 July 2017.
  3. 3,0 3,1 Папуа Нова Гвинеја Архивирано на 16 мај 2016 г. — Светска книга на факти на ЦИА

Предлошка:Јазици во Папуа Нова Гвинеја