Јазици во Океанија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Политичка карта на Океанија.

Јазици во Океанија е поим со кој се опфаќаат сите јазици кои се зборуваат на територијата на Океанија. Важно е да се напомене дека поимот „океански јазици“ не се однесува за сите јазици во Океанија, туку само за една подгрупа од австронезиските јазици. Општо гледано, автохтоните јазици во Океанија се дел од едно од трите јазични семејства: австронезиски јазици, абориџински јазици и папуански јазици. Покрај нив, во Океанија се зборуваат и други јазици, кои дошле во Океанија со колонизацијата. Како резултат на колонизацијата, во Океанија се создале и неколку креолски јазици.

Автохтони јазици[уреди | уреди извор]

Австронезиски јазици[уреди | уреди извор]

Австронезиските јазици се јазично семејство на териториите на островска Југоисточна Азија и на островите во Тихиот Океан или Океанија, но има неколку јазици кои се зборуваат и во континентална Азија и Мадагаскар. Заедно со банту-јазиците, индоевропските јазици, афроазиските јазици и уралските јазици, австронезиските јазици се едни од најразвиените стари јазични семејства во светот. Прв јазичар кој ги проучил јазиците е германецот Ото Демпволф кој ги проучил јазиците преку споредбен метод. Зборот „австронезиски“ е создаден од германскиот научник Вилхелм Шмит[1], кој пак потекнува од латинскиот збор auster „јужен ветер“ и старогрчкиот збор nêsos што значи „остров“. Овој термин е поддржан и со фактот што најголем дел од јазиците се зборуваат на острови, со мали исклучоци на јазици кои се зборуваат на континентите. Добар дел од австронезиските јазици се мали, со мал број на говорници, но сепак има и јазици кои се зборуваат од десетици милиони жители. Австронезиските јазици се едни од најраспространетите јазици во светот бидејќи овие јазици се зборуваат од Мадагаскар па сè до Божиќниот Остров.

Папуански јазици[уреди | уреди извор]

Папуанските јазици се група јазици кои се зборуваат во западниот дел на Океанија, и кои не се ниту австронезиски ниту абориџински јазици. Овој поим, или оваа група, не е создадена како резултат на генетската поврзаност на јазиците, туку нивната географска положба. Концептот за посебни папуански народи бил воведен од Сидни Херберт Реј во 1892 година, како посебни народи од австронезиските.

Абориџински јазици[уреди | уреди извор]

Абориџиснките јазици, или австралиско-абориџински, се група на 27 јазични семејства и јазични изолати кои се зборуваат во Австралија од Абориџините. Овие се староседелски јазици во Австралија. Тасманија често не е вклучена во оваа група, како и јазиците на островите во Торескиот проток. Сродноста меѓу овие јазици не е јасна, иако во минатото се направил поголем прогрес кон овој поглед.[2]

Колонијални јазици[уреди | уреди извор]

Како резултат на колонизацијата, во Океанија се зборуваат јазици кои не потекнуваат од овој регион. Некои од колонијалните јазици се и денес официјални во океанските држави. Најголем неокеански јазик е англискиот, а потоа следуваат францускиот, португалскиот, јапонскиот и шпанскиот. Францускиот е службен во Нова Каледонија и Француска Полинезија, шпанскиот на Велигденскиот Остров и останатите острови кои се дел од јужноамериканските држави, португалскиот е службен во Источен Тимор и јапонскиот е службен во една од сојузните држави во Палау.

Креолски јазици[уреди | уреди извор]

Како резултат на контактот меѓу староседелските народи и новодојденците, на територијата на Океанија се создале и креолски јазици, односно мешани јазици. Такви јазици се на пример ток писин, бислама, чавакански, различни малајски трговски и креолски јазици, хавајски пиџин, норфук и питкернски јазик. Некои од овие креолски јазици се и службени јазици, како на пример ток писин во Папуа Нова Гвинеја или бислама во Вануату.

Имиграциски јазици[уреди | уреди извор]

Појавата на доселување на население од останатите континенти на територијата на Океанија довело до појава и на останати помали јазици. Така на пример во Океанија се зборуваат и италијански, македонски, српскохрватски, грчки и други европски јазици. Овие јазици воглавно се зборуваат во Австралија и Нов Зеланд. Во Фиџи се доселиле Индијци и така таму се зборува фиџиски хинди, кој е еден од службените јазици во државата.

Службени јазици[уреди | уреди извор]

Независни држави
знаме држава службен јазик/ -и
Австралија Австралија нема[3]
Фиџи Фиџи фиџиски
англиски
фиџиски хинди
Индонезија Индонезијаa индонезиски
Кирибати Кирибати кирибатски
англиски
Маршалски Острови Маршалски Острови маршалски
англиски
СД Микронезија Микронезија англиски[4]
Науру Науру наурски
англиски
Нов Зеланд Нов Зеланд англиски
маорски
новозеландски знаковен јазик
Палау Палау палауански
англиски
Папуа Нова Гвинеја Папуа Нова Гвинеја англиски
ток писин
хири моту
Самоа Самоа самоански
англиски
Соломони Соломонски Острови англиски
Тонга Тонга тонгански
англиски
Тувалу Тувалу тувалски
англиски
Вануату Вануату бислама
англиски
француски

Зависни територии
знаме територија службен јазик/ -и
Американска Самоа Американска Самоа самоански
англиски
Чиле Велигденски Остров шпански
рапа нуи
Ашмор и Картие Ашмор и Картие ненаселена територија
Бејкеров Остров Бејкерски Остров ненаселена територија
Клипертон Клипертонски Остров ненаселена територија
Кукови Острови Кукови Острови англиски
куковоостровски маорски
Коралноморски Острови Корални Острови англиски
Велигденски Остров Божиќен Остров англиски
Француска Полинезија Француска Полинезија француски
Гуам Гуам англиски
чаморски
Хаваи Хаваи англиски
хавајски
Хауленд (остров) Хауландски Остров ненаселена територија
Џарвисов Остров Џарвиски Остров ненаселена територија
Џонстонов Атол Џонстонски Атол ненаселена територија
Хуан Фернандес Острови Хуан Фернандес шпански
Кингменов Гребен Кингменов Гребен ненаселена територија
Јапонија Остров Маркус ненаселена територија
Мидвејски Атол Мидвејски Острови ненаселена територија
Нова Каледонија Нова Каледонија француски
Ниуе Ниуе ниуеански
англиски
Норфолшки Остров Норфолшки Остров англиски
норфук
Северни Маријански Острови Северни Маријански Острови англиски
каролински
чаморски
Јапонија Остров Окинотори ненаселена територија
Палмирски Атол Палмирски Атол скоро ненаселена територија
Питкерн Питкернски Острови англиски
Токелау Токелау токелауански
англиски
самоански
Вејк (остров) Остров Вејк ненаселена територија
Валис и Футуна Валис и Футуна француски

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. John Simpson Edmund Weiner (1892). Official Oxford English Dictionary (OED2) (англиски). Oxford University Press. стр. 22000.
  2. Dixon 1989: 253-254
  3. Де факто официјален е англискиот како најзборуван јазик во федерацијата.
  4. Англискиот е службен на федерално ниво. Секоја од сојузните републики има свој службен јазик.

Поврзано[уреди | уреди извор]