Јаз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јаз

Јаз е плажа во Будва, Црна Гора. Се наоѓа на 2,5 километри западно од Будва. Се состои од 2 дела, едниот е долг 500 метри, а другиот дел, кој понекогаш претставува нудистичка плажа, е долг 300 метри.

Иако, тоа е доста популарна плажа за сончање и кампување, и е една од подолгите плажи во Црна Гора, има добар меѓународен углед како домаќин на бројни концерти и случувања во последните неколку години.

Концерти 2007-2008[уреди | уреди извор]

На годишните летни манифестации се гледа како обид да се зголеми меѓународниот имиџ на Црна Гора, како и да се промовира земјата како добро туристичко одредиште. Во најголемиот дел тоа беше финансирано од страна на Светозар Марковиќ, влијателен црногорски политичар, кој е роден во Будва.

Си Денс фестивал 2015 година

Ролингстонс свиреа на 9 јули 2007 година, во рамките на нивната Биг Бенг турнеја. На концертот имаат присуствувано 25.000 луѓе.

Следен значаен настан беше 3-дневниот Лајв Фест, кој се одржа во август 2008 година. Настапуваа: Лени Кравиц, Арманд ван Хелден. Додека на 5 август, гостуваа: Дино Мерлин и DJ Петро Грув, на 6 август: Горан Бреговиќ, а на 6 август Здравко Чолиќ.

Во истата година Мадона во рамките на својата турнеја Стик Ен Свит одржа концерт на 25 септември на кој присуствуваа околу 50.000 посетители.

Си Денс Фестивал[уреди | уреди извор]

Од 2014 до 2017 година, на плажата Јаз беше организиран меѓународниот музички Си Денс Фестивал. Фестивалот е во организација на Општина Будва, компанијата „Нови Сад“ Нови Сад Мој Егзит Авантура (што исто така го организира Фестивалот „Егзит“ во Нови Сад) и компанијата ЕМЦ Груп од Подгорица.[1] Од 2018 година, овој фестивал се одржува на плажата Буjarарица.[2] На Си Денс Фестивалу во 2015 година, за три дена беа евидентирани околу 110.000 посетители, а се проценува дека на црногорската туристичка економија и донесе околу 20 милиони евра. Овој фестивал беше запаметен во аналите на фестивалскиот туризам во Црна Гора со бројни записи - посетеност, заработка, потрошувачка, број на странски туристи и други параметри.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Strugar, Stefan (14. 1. 2015). „Sea Dance je najbolji evropski festival srednje veličine“. Vijesti. Посетено на 2. 4. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „Sea Dance Festival“. Zvanični sajt. Sea Dance Festival. Посетено на 2. 4. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Doprinos Sea Dance festivala 2015 oko 20 miliona eura“. Zvanični vebsajt. Sea Dance Festival. Архивирано од изворникот на 2020-04-14. Посетено на 4. 4. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)