Јаворска Вода (Лазарополе)
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
„Јаворска Вода“ |
|
| Основни податоци | |
|---|---|
| Име | Јаворска Вода |
| Место | Лазарополе |
| Општина | Маврово и Ростуша |
| Тип |
|
| Период | железно време |
| среден век | |
| Портал:Археологија | |
Јаворска Вода е археолошки локалитет во гостиварското село Лазарополе. Локалитетот претставува населба од железното време и средновековна некропола. Се наоѓа на околу 4 km југозападно од селото, во приватна нива, која е во непосредната близина на изворот на т.н. машка лековита вода,каде уште во 1952 година со стрмењето за лозја биле откриени 60 гроба градени од камени плочи -тип циста, поставени во правец исток-запад. Истата година Археолошкиот музеј на Македонија извршил заштитно ископување. Денес на површината се наоѓаат фрагменти од керамички садови и остатоци од куќен лепеж. Наодите се депонирани во Музејот на Македонија.[1]
[уреди] Поврзано
- Главино Село - населба и некропола од среден век;
- Јама - фортификација од среден век;
- Каптажа - некропола од среден век;
- Оралиште - некропола од среден век;
[уреди] Наводи
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
| Оваа статија поврзана со македонската археологија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Категории:
- Археолошки локалитети во Македонија
- Археолошки локалитети во Македонија од железно време
- Археолошки локалитети во Македонија од среден век
- Археолошки локалитети во Македонија од типот на населба
- Археолошки локалитети во Македонија од типот на некропола
- Археолошки локалитети во Општина Маврово и Ростуша
- Никулци за македонска археологија
- Археолошки локалитети во Гостиварско
- Лазарополе