Јаворјани

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Јаворени)
Јаворјани
Πλατάνη
Стара куќа во Јаворјани
Стара куќа во Јаворјани
Јаворјани is located in Грција
Јаворјани
Јаворјани
Местоположба во областа
Јаворјани во рамките на Воден (општина)
Јаворјани
Местоположба на Јаворјани во општината Воден и областа Централна Македонија
Координати: 40°45.70′N 22°03.00′E / 40.76167° СГШ; 22.05000° ИГД / 40.76167; 22.05000Координати: 40°45.70′N 22°03.00′E / 40.76167° СГШ; 22.05000° ИГД / 40.76167; 22.05000
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругПостол
ОпштинаВоден
Општ. единицаВоден
Површина
 • Вкупна11 км2 (4 ми2)
Надм. вис.&10000000000000160000000160 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно401
 • Густина36/км2 (94/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Јаворјани или Јаворени (грчки: Πλατάνη, Платани, до 1926 г. Γιαβόργιαννη, Јаворјани[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 401 жител (2011) и до денес е целосно населено со Македонци.[3]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа 7 км јужно од градот Воден, а атарот му зафаќа 11 км2.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Ова не е многу старо село и се смета дека е основано од жители на Пожарско, Мегленско кои откопувале земјиште и постепено се преселувале[3]

Османлиско време[уреди | уреди извор]

Црквата „Св. Петка“ во Јаворјани

На крајот на XIX век Јаворјани е заведено како чисто македонско село во Воденската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Јаворене (Yavoréné) имало 10 куќи со вкупно 64 жители Македонци[4].[5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото (Јаворени) имало 66 жители Македонци[3].[6] Селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Јаворани (Yavorani) имало 72 Македонци[4] под патријаршијата.[7]

Потпаѓање под Грција[уреди | уреди извор]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 55 жители[3]. Во 1920 г. се евидентирани 128 жители[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Платани,[8] што е буквален превод на македонското име. Во 1928 г. 322 жители

Втора светска и Граѓанска војна[уреди | уреди извор]

За време на Втората светска војна селото било под окупација на Германија и основана е чета на бугарската паравоена организација „Охрана“. Покрај германскиот отпор бугарските четници формираат во селото бугарска општинска власт.[9] Селото значајно настрадало во оваа, како и во Граѓанската војна, но сепак бројноста на населението се одржала.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Денес населението на останува целосно македонско и непроменето.[3]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011
Население 379 387 499 453 478 466 465 401
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Јаворјани, во кој тоа е единствено населено место.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Јаворјани е мошне богато село, чие население се занимава со овоштарство (одгледување на праски, јаболки, и цреши) и производство на жито. Делумно е развиено и сточарството.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γιαβόργιανη -- Πλατάνη
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 3,8 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 49.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
  6. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 148.
  7. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191.
  8. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)