Јавниот живот во Рим

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Јавниот живот на жителите на римската држава се одвивал, главно, во неколку точки од градот: плоштадите, објектите на државните институции, храаамовите на нивните божества и просториите во кои го минувале слободното време и се забавувале, а тоа се театрите, вежбалиштата, јавните бањи и циркусите.

Јавниот живот во Рим[уреди]

Јавниот живот на жителите на римската држава се одвивал, главно, во неколку точки од градот: плоштадите, објектите на државните институции, храаамовите на нивните божества и просториите во кои го минувале слободното време и се забавувале, а тоа се театрите, вежбалиштата, јавните бањи и циркусите.
Овие простори и објекти се мошне препознатливи и впечатливи, а нивната величественост требало да ги изразува моќта и величието на државата. Во голем број од европските градови се користени градителските искуства од антиката и во планирањето на градскиот простор (урбанизам), но и во стилското обликување на градбите. Но, уште позначајна е социјалната функција на овие простори и објекти за граѓаните од сите сталежи: тука се носеле одлуки важни за државата и сите нејзини жители, тука се влијаело на некои процеси и случувања во пошироката заедница, се изведувале верски обреди, се тргувало, се склопувале пријателства и се договарале бракови. Старовековните народи не го делеле духовното од световното, верата и државата биле неделиви.

Во градовите[уреди]

Во градовите во текот на годината повеќепати се оджувале верско-државни празнувања, што едновремено ги зајакнувале и побожноста и патриотизмот на населението. Атинските и римските граѓани со задоволство учествувале во овие активности и голем дел од своето време, а понекогаш и целата своја кариера, го посветувале на вакви и слични општествени должности. Тоа било возможно зашто сите други работи ги извржувале работниците и робовите. Благородниците дури се однесувале со презир кон физичката работа, што се сметала за недостојна за припадниците на повисоките класи, што ја потврдува строгата класна подвоеност во општеството. Тие се стремеле кон државните служби (магистрати) и напредувањето во државната хиерархија на власта.

Градските плоштади[уреди]

Градските плоштади во римските градови биле исклучително живи места исполнети со различни содржини, но, пред се, и нас се, биле свртувалишта на кои граѓаните се среќавале со своите пријатели, деловни партнери, клиенти или патрони, места на кои се дискутирало и се воделе дебати по различни прашања и на кои се донесувале значајни одлуки. Секој римски град имал плоштад (forum), а во Рим, покрај најпознатиот римски плоштад (Forum Romanum или Forum Augustum) од времето на доцната Република, во периодот на царството постоеле повеќе плоштади, односно речиси секој римски владетел градел “”свој”“ плоштад:
Трајановиот форум, форумот на Нерва и сл. На главниот римски форум се случувале сите поважни работи во градот – тој бил центар на општествениот, политичкиот, деловниот и верскиот живот на градот, а на него и околу него, покрај зградите на државните институции (архив, куријата- зградата во која се одржувале седниците на Сенатот, затвор) се наоѓале голем број храмови и Регијата (седиштето на врховниот свештеник), базилки, триумфални порти (на Тит и на Септимиј Север), споменици и јавната говорница –ростра. Низ плоштадот поминувала најстарата улица на светот- Светата улица (Via Sacra), што водела до ритчето Капитолиј, каде што се наоѓал и храмот на Јупитер.

Сенатот (Senatus)[уреди]

Сенатот (Senatus) бил нависоката државна институција во времето на Републиката што продолжила да дејствува и во перидото на царството, иако контролирана од царот. Имал клучна улога во управувањето и раководењето со државата, ги контролирал внатрешната и надворешната политика, финансиите, назначувал воени команди и управници на провинциите и решавал за сите други важни државни прашања. Во различни периоди од римската историја броел од 100 до 600 сенатори, магистрати (државни службеници) и поранешни магистрати, сите од редот на патрициите. Седниците на Сенатот се одржувале во зградата наречена Курија (Curia). На многубројни документи и акти стои симболот SPQR (SENATUS POPULUSQUE ROMANUS), што значи дека одлуката или прогласот е донесен од „Сенатот и римскиот народ“.

Амфитеатрите (тркалезни театри)[уреди]

Амфитеатрите (тркалезни театри)се веројатно вид градба што најмногу асоцира и упатува на Римската империја. Флавиевиот амфитеатар, попознат како Римски колосеум, е една од најпознатитие и најпрепознатливите градби од античко време, а воедно е и најголемиот амфитеатар во светот. Тој претставува своевидно архитектонско ремек-дело, поради вешто проектираните и изведени системи од ходници, лакови и столбови и имал капацитет за 50.000 гледачи. По потреба можел и да се покрие со огромна платнена натстрешница, па и да се осветли за ноќни претстави. Арената (борилиштето) можело да се наполни со вода и во неа се изведувале инсценирани поморски битки со помало бродови. Посетителите и овде седеле според општествениот статус, владетелот седел во раскошно украсена и удобна ложа, во првиот ред се сместувале сенаторите, витезите, амбасадорите и други достоинственици. Жените можеле да ги следат настаните во арената од најгорните редови.

Надворешни врски[уреди]

Colosseum in Rome, Italy - April 2007.jpg