Јавен сообраќај во Истанбул

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јавниот транспорт во Истанбул се состои од широка автобуска мрежа, различни железнички и морски системи кои служат за полесно функционирање на жителите на градот,

Аеродроми[уреди | уреди извор]

Аеродромот Ататурк во Истанбул

Истанбул има два меѓународни аеродроми, од кои два во моментот нудат услуги за комерцијални летови. Најголемиот аеродром е новиот Истанбулски Аеродром кој бил отворен во 2018 година и се наоѓа во областа Арнаутќој, од европска страна на градот во близина на брегот на Црното Море. Сите комерцијални патнички летови биле пренесени од аеродромот Истанбул Ататурк на аеродромот Истанбул на 6 април 2019 година, по затворањето на аеродромот Ататурк во Истанбул за редовни летови на патници[1]. Аеродромскиот код IATA бил пренесен и на новиот аеродром[2]. Откако ќе завршат сите фази во 2025 година, аеродромот ќе може да прими 200 милиони патници годишно[3].

Аеродромот Истанбул Ататурк кој се наоѓа во областа Јешилќој на европската страна од градот, околу 24 километри (15 mi) западно од центарот на Истанбул, со околу 61,3 милиони патници во 2015 година бил трет најпрометен аеродром во Европа и осумнаесетти во светот во истата година[4].Главно бил користен за товарни сулуги, општа авијација, деловни, државни и дипломатски летови. Во 2020 година неговата писта била срушена.

Помал аеродром е аеродромот Сабиха Ѓокчен, кој се наоѓа на азискиот дел од градот на 45 километри југоисточно од центарот на градот. Аеродромот бил отворен во 2001 година за да се олесни сообраќајот на аеродромот Ататурк. Главно поради нискотарифните превозници, вториот аеродром во Истанбул забрзано станал популарен, особено од отворањето на новиот меѓународен терминал во 2009 година[5].

Навигација[уреди | уреди извор]

Commuter ferries have operated on the Bosphorus since 1837.

Поморскиот транспорт е од витално значење за Истанбул, како град кој практично е опкружен со море од сите страни: од Мраморно Море, Златниот Рог, Босфорот и Црно Море. Многу жители на Истанбул живеат на азиската страна од градот, а работат на европската страна (или обратно). Голем број на жители на работа одат со ферибот на пример. Првите видови на фериботи во градот се појавиле во 1837 година, кои биле управувани од компании од приватниот сектор[6]. На 1 јануари 1851 година била основана компанијата Ширкет и Хариј од страна на Османлиската држава, која превезувала патници со фериботи[6]. Компанијата продолжила да работи во градот до распаѓањето на империјата, која по создавањето на републиката таа станала дел од Türkiye Denizcilik İşletmeleri (турска членка на морските линии)[6]. Во 2006 година, традиционалните истанбулски превози на фериботи биле преземени од страна на компанијата İstanbul Deniz Otobüsleri (Истанбулски морски автобуси)[6]. İstanbul Deniz Otobüsleri или ИДО била основана во 1987 година и главно се занимава со катамарани кои обично се движаат од европскиот кон азискио дел на градот и обратно, како и до Принцевските острови и други одредишта на градот во Мраморно Море. Пристаништето на Истанбул е едно од најважните во земјата. Старото пристаниште на Златниот Рог првенствено служело за лична навигација, додека Каракопското пристаниште (Галата) се користи од бродовите за крстарење.

Патишта[уреди | уреди извор]

Мостот Фатих Султан Мехмет

Автопатот D.100 и европскиот Е80, се двата главни автопати кои ја поврзуваат Европа со Турција. Автопатот околу Истанбул е со развиена патна мрежа и истиот постојано се проширува. Магистралните патишта водат во Анкара на исток и Едрене на запад. Исто така, постојат два патни правци кои го заобиколуваат градот. Постариот автопат, О-1, најчесто се користи за внатрешен сообраќај; додека поновиот, О-2, најчесто се користи од страна на интерконтиненталниот или меѓуградскиот сообраќај.

Босфорскиот мост е приклучен на автопатот О-1, а Мостот Фатих Султан Мехмет на О-2, преку кои се воспоставува патна врска помеѓу европската и азиската страна на Босфорот. Јужниот и северниот дел на бреговите на Златниот Рог, и влезот на Босфорот на европската страна од градот, се поврзани преку мостот Галата, мостот Ататурк и мостот Халич.

Булеварот Бујукдер е главниот правец кој минува покрај големиот бизнис центар на регионите околу Левент и Маслак на европска страна, а исто така е достапна и преку мотро станиците во градот. Булеварот Бујукдер е поврзан со Булеварот Барбарос, преку кој се спушта кон пристаништто на Бешикташ.

Железници[уреди | уреди извор]

Железничката станица Сиркечи

Во 1883 година, белгискиот претприемач, Georges Nagelmackers, започнал да ја гради железничката станица од Париз и Цариград, која минувала низ Варна. Во 1889, железничка линија била завршена, и истата минувала низ Букурешт до Цариград. Маршутата била позната како "Ориент експрес", опишана во делата на Агата Кристи и Грејм Грин.[7]

Денес, железничката станица Сиркечи (TCDD), која првично била отворена во 1890 година како Отомански железници, ја претставувала главната врска на турската железничката мрежа со остатокот на Европа. Во моментов, меѓународни врски се обезбедени од страна на линија помеѓу Истанбул и Солун, Грција, а Босфор Експрес служи за врска со Букурешт, Романија. Исто така има и линии за Софија, Белград, Будимпешта итн.

Подалеку од Босфорот, железничката станица Хајдарпаша на азиската страна од градот, служи за железничко поврзување на градот со престолнината Анкара, и поретки други одредишта во Анадолија. Железничката мрежа на европските и азиските земји во моментов се поврзани со Босфорски ферибот и низ подводниот тунел „Мармарај“ пуштен во употреба на 29 октомври 2013 г.[8]

Трамвај[уреди | уреди извор]

Првиот коњски трамвај во Истанбул бил изграден во 1869 година, на линијата Тофан-Ортаќој[9]. Во 1871 година биле пуштени линиите, Азапкапи- Галата; Аксарај- Једикул; Аксарај- Топкапи; и Еминону- Аксарај[9]. Други линии кои стапиле на служба во доциот 19 век се: Кадеси- Кабристан Сокаги - Тепебаши- Таксим- Пангалти- Шишли; Бајазит - Шахзадебаши; Фатих - Едирнекапи - Галатасарај - Тунелска линија; и Еминону- Бахчекапи[9]. Од 1939 година, трамвајот на градот е раководен од страна на компанијата İETT.[9]. На 12 август, 1961 година, старите црвени трамваи на Истанбул биле отстранети од градот од европската страна, а на 14 ноември 1966 година,истото се случило и на азиската страна од градот.[9] На 1 ноември, 2003 година, била поставена трамвајска линија помеѓу анадолскиот дел од градот и Ејуп.[10], чија маршута е долга 2,6 километри.[10] Патувањето трае 21 минути.[10]

Брз трамвај (T1) бил ставен во служба во 1992 година при воведувањето на новите меѓународни стандарди, и линијата минува од Сиркечи до Топкапи. Линијата била продолжена од едниот крај од Топкапи до Зејтинбурну во март 1994 година, а на другиот крај од Сиркечи до Еминону во април 1996 година. На 30 јануари 2005 година била продолжена од Еминону до Финдиклѕ, и преминот на Златниот Рог преку мостот Галата за првпат по 44 години. Крајната линија била отворена во јуни 2006 година и тоа до Кабаташ. Линија има должина од 14 километри. Цело патување трае 42 минути. Дневниот транспортен капацитет е 155.000 патници. Износот на инвестицијата изнесува $ 110.000.000. Во септември 2006 година, во употреба била пуштена и втората трамвајска линија (T2), од Зејтинбурну до Багчилар.

Жичара[уреди | уреди извор]

Истанбул е поврзан со две подземни железнички жичари. Постарите на овие две е Тунел (1875). Во употреба бил пуштен на [[17 јануари 1875,[11]. Тунел 1875 е втората најстара подземна железничка линија во светот по лондонското метро кое датира од 1863 година и првата подземна урбана железничка линија во континентална Европа, иако првото целосно метро кое се состоело од повеќе подземни станици во континентална Европа била Линијата 1 во Будимпешта од 1896 година. Тунел (1875) е долг 573 метри, и се наоѓа на надморска височина од 60 m и го поврзува Каракој со станицата.[11] Оваа линија, со мали исклучоци, работи од самата нејзина изградба во 1875 година[11]. Два возови се движат по двете линии на секои 3,5 минути, а патувањето трае 1,5 минути.[11] Создавајќи 64.800 патувања, или вкупно 37.066 километри годишно, Тунел 1875 превезува 15.000 патници дневно.[11]

Втората жичница, наречена Кабаташ-Таксим, во употреба била пуштена на 29 јуни 2006 година, поврзувајќи го Кабаташ и Таксим.[12] Линијата е долга околу 600 метри. Дневно преку оваа линија се превезуваат 9.000 патници[12].

Метро[уреди | уреди извор]

Изградбата на Истанбулското метро (М2) започнала во 1992 година, а првиот дел од изградбата била завршена на 16 септември 2000 година, на релација Таксим и Левент[13]. Овој дел од линијата е долг 8,5 км (5.3 mi) и има шест станици.[13] Просечно, се транспортираат околу 130.000 патници дневно. На 30 јануари 2009 година, новиот проект бил даден на EUROTEM[14]. EUROTEM треба да изгради 92 нови вагони за линијата М2.[14][15] As of 30 јануари 2009, a total of 34 train sets, each with 4 cars, were being used on the M2 line.[15] Според податоци од 30 јануари 2009 година, од вкупно 34 вагони, секој четврти бил користен од на линијата М2.

На нејзиниот северен дел, линијата продолжува од Левент кон Маслак и истата била отворена на 30 јануари, 2009.[16]. На нејзиниот јужен де, линијата продолжува од Таксим до Јеникапи, преку Златниот Рог. Линијата била завршена до станицата во Шишан, исто така на 30 јануари 2009 година.[16]

Во моментов, на линијата М2 се работи на 10 места од европската страна на градот и на 16 нови станици од азиската страна. Патната мрежа помеѓу станицата Шипхан и станицата Ататурк Ото Санај во Маслак е долга 15,65 км (9,7 mi), а патувањето трае 21 минути.[17][18] Вкупната должина на европската страна на линијата М2 ќе достигне 18,36 км (11.4 mi), кога сите 16 места од Хаџиосман до Јеникапи ќе бидат завршени;[13][14][19], не вклучувајќи го метрото на Златниот Рог кое е долго 936 метри[20], 0,6 километри долгиот тунел Такшим-Кабаташ[12], 0,6 километри долгиот тунел Јеникапи-Аксарај[14], и 13,6 километри долгиот тунел Мармарај[21].

На азиската страна од градот, изградбата на 21,66 км (13.5 mi) долгата линија од линијата М2 во Ејуп до Картала продолжува, и истата ќе има вкупно 16 станици.[22] Овој тунел (Босфорски подморски тунел со железничка) ќе биде поврзан со метро линиите на азиските и европските делови на градот. Според плановите, целиот проект би требало да биде изграден најдоцна до 2012 година.

Лесен шински систем[уреди | уреди извор]

Истанбул LRT овозможува лесношински превоз кој се состои од 2 линии. Првата линија (М1) започнала со работа на 3 септември 1989 година помеѓу Аксарај и Карталтепе. Линијата во следните години била продолжена, а на 20 декември 2002 година бил приклучена до аеродромот Ататурк. Другата линија (T4) била отворена во 2007 година помеѓу Едринекапи и Мескид Селам. Постојат 36 станици, од кои 12 се подземни. Линијата е долга 32 километри. Линиите се целосно одвоени од другите видови на сообраќај.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Last flight leaves Ataturk as Istanbul switches airports“. Reuters.
  2. „Turkish Airlines relocates to new Istanbul Airport“. ATWOnline. 5 April 2019.
  3. „Turkish Airlines is switching to a new Istanbul airport – all in 45 hours“. Guardian. 6 April 2019. Посетено на 13 April 2019. The opening date has been pushed back three times, but authorities insist that the main terminal building and two runways will be fully operational by Sunday, in what critics say it is a rushed and dangerous attempt to stay on schedule.
  4. „Preliminary 2013 World Airport Traffic and Rankings“. Airports Council International. 17 March 2014. Архивирано од изворникот на 2015-10-16. Посетено на 25 March 2014.
  5. Strauss, Delphine (25 November 2009). „Sabiha Gökçen: New Terminal Lands on Time and Budget“. The Financial Times. Посетено на 4 July 2012.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 „Şirket-i Hayriye“. Şirket-i Hayriye. Посетено на 2009-06-18.
  7. „Orient Express“. Britannica Online. 2007. Посетено на 2007-09-27. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  8. „Истанбул го пушта во употреба тунелот под Босфор“. Макфакс. Посетено на 2013-10-29. На |first= му недостасува |last= (help)CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)[мртва врска]
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 „İstanbul'da ulaşımın miladı“. İ.E.T.T. Архивирано од изворникот на 2009-03-18. Посетено на 2009-06-18.
  10. 10,0 10,1 10,2 „Kadıköy-Moda Tramvayı 37 Yıl Sonra Yeniden“. İ.E.T.T. Посетено на 2009-06-18.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 „The Tunnel“. IETT. Посетено на 2009-06-20.
  12. 12,0 12,1 12,2 „FUNİKÜLER SİSTEM Kabataş - Taksim“. İstanbul Ulaşım. Посетено на 2009-06-20.
  13. 13,0 13,1 13,2 „Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim - 4. Levent metro hattı“. Ibb.gov.tr. Архивирано од изворникот на 2014-10-18. Посетено на 2009-07-21.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 „Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim-Yenikapı Metro Hattı“. Ibb.gov.tr. 2002-01-23. Архивирано од изворникот на 2009-05-05. Посетено на 2009-07-21.
  15. 15,0 15,1 „İstanbul Ulaşım: Metro Şişhane'den Maslak'a uzandı“. Istanbululasim.com. 2009-01-30. Архивирано од изворникот на 2022-03-14. Посетено на 2009-07-21.
  16. 16,0 16,1 „Metro, Şişhane'den Maslak'a uzadı“. Istanbul Metropolitan Municipality. 2009-01-30. Посетено на 2009-07-20.
  17. „İstanbul Ulaşım: Şişhane - Atatürk Oto Sanayi (M2)“. Istanbululasim.com. Архивирано од изворникот на 2012-05-31. Посетено на 2009-07-21.
  18. „İstanbul Ulaşım: Metro Şişhane'den Maslak'a uzadı“. Istanbululasim.com. 2009-01-30. Архивирано од изворникот на 2022-03-14. Посетено на 2009-07-21.
  19. „Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim-Ayazağa-Hacıosman metro hattı“. Ibb.gov.tr. Архивирано од изворникот на 2009-05-06. Посетено на 2009-07-21.
  20. „Istanbul Metropolitan Municipality: Golden Horn metro bridge“. Ibb.gov.tr. 2008-12-19. Архивирано од изворникот на 2013-12-13. Посетено на 2009-07-21.
  21. „Marmaray Railway Engineering Project, Istanbul, Turkey“. Railway Technology. Посетено на 2009-07-21.
  22. „Istanbul Metropolitan Municipality: Kadıköy-Kartal Metro Hattı“. Ibb.gov.tr. 2005-01-28. Архивирано од изворникот на 2009-05-05. Посетено на 2009-07-21.

НАдворешни врски[уреди | уреди извор]