Јаболка (потфамилија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јаболка
Јаболко Malus domestica
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Розовидни
Фамилија: Рози
Потфамилија: Јаболка
Родови

Amelanchier
Aronia
Chaenomeles
Chamaebatia
Chamaebatiaria
Chamaemeles
Chaenomeles
Cotoneaster
Crataegus - глог
Cydonia - дуња
Dichotomanthes
Docynia
Eriobotrya
Eriolobus
Exochorda
Gillenia
Heteromeles
Holodiscus
Lindleya
Malacomeles
Malus - јаболко
Mespilus - мушмула
Neillia
Novoseiversia
Osteomeles
Photinia
Physocarpus
Pseudocydonia
Pyracantha
Pyrus - круша
Rhaphiolepis Sieversia
Sorbaria
Sorbus - оскоруша
Stephanandra
Stranvaesia = Photinia pro parte
Vauquelinia
×Amelasorbus
×Sorbopyrus
+Crataegomespilus

Јаболката (науч. Maloideae) се голема потфамилија од фамилијата Рози со близу 1100 видови распространети низ целиот свет, но најголем дел од видовите се среќаваат во умерената северна хемисфера. Некои автори, оваа група ја рангираат и како посебна фамилија - Malaceae[1].

Оваа потфамилија се состои од грмушки и мали дрвја кои се карактеризираат по присуството на плод наречен пом (типично јаболко), вид на придружен плод, како и по основниот хромозомски број кој изнесува 17 (наместо 7, 8 или 9 како во другите потфамилии). Цветовите кај членовите на оваа група се најчесто синкарпни (со сраснати плодни листови) и имаат два до пет плодни листа. Освен што се сраснати меѓусебно, тие се сраснати и со хипанциумот (цветната чашка). Плодникот е речиси потцветен и созрева во јаболков плод (пом).

Овие одлики делумно ја одделуваат оваа потфамилија од останатите потфамилии на Розите, каде плодните листови се слободни (несраснати) или солитарни, а плодникот е натцветен. Но, и во оваа група се среќаваат видови со апокарпни цветови (со несраснати плодни листови), како оние од родовите Cotoneaster, Heteromeles и Pyracantha (каде тие се целосно одделни), додека родот Dichotomanthes е перигински (венечните и чашкините ливчиња и прашниците се наоѓаат околу работ на плодникот) и има натцветен плодник.

Пом е плод единствен за оваа потфамилија. Тој расте по пат на отекување на аднатниот хипанциум. Листовите на растенијата во оваа потфамилија се зимзелени или едногодишни. Доаѓаат во различни форми, од прости листови со целосен, назабен или перест раб, до пересто насечен раб. Тие може да бидат тенки и мембранозни или со кожеста текстура.

Скорешните таксономски проучувања предлагаат проширување на оваа потфамилија со четири родови на тревести растенија кои се поблиску поврзани со традиционалната група Maloideae отколку со другите видови на Rosaceae. Овие родови се Kageneckia, Lindleya и Vauquelinia, кои имаат хаплоиден хромозомски број од 15 или 17, но носат плодови кои се капсули (кутијки), и родот Gillenia, со хаплоиден хромозомски број од 9.

Родот Sorbus s.l. е полифилетски и е разделен на пет нови родови: Sorbus sens. str., Cormus, Chamaemespilus, Aria и Torminalis. Eriolobus и Docyniopsis се одделни од Malus. Од друга страна, Micromeles е вклучен во Aria, а Stranvaesia и Aronia се вклучени во Photinia.[2]

Оваа група се состои од одреден број на растенија кои се комерцијално важни овошја, како јаболките и крушите, додека останатите се одгледуваат како украсни растенија.

Забелешки[уреди]

  1. GRIN Таксономија на растенија
  2. Kenneth R. Robinson, James B. Phipps, Josdeph R. Rohrer (1992). „Summary of the leaves in the genera of Maloideae (Rosaceae)“. „Annals if the Missouri Botanical Garden“ 79 (1): 81–94. doi:10.2307/2399811. 

Наводи[уреди]

  • Joseph R. Rohrer, Kenneth R. Robinson, James B. Phipps - Floral Morphology of Maloideae (Rosaceae) and its systematic Relevance; American Journal of Botany, 81 (5), стр. 574-581; 1994