ЈП „Македонски шуми“

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ЈП Македонски шуми)
Прејди на: содржини, барај
ЈП „Македонски шуми“
Тип јавно претпријатие
Oснована 15.12.1997.
Седиште Македонија Скопје, Македонија
Клучни личности Жарко Караџоски (генерален директор)
Дејност шумарство
Приходи непознат
Вработени > 2.000
Портал mkdsumi.com.mk

ЈП „Македонски Шуми“ (полно: Јавно претпријатие за стопанисување со шумите во државна сопственост на територијата на Република Македонија) е основано со Одлука на Владата на РМ бр. 3028/1 од 15.12.1997 г. [1], а започна со работа на 01.07.1998 г. како правен следбеник на дотогаш постојните претпријатија за стопанисување со шуми.

ЈП „Македонски шуми“ стопанисува со површина од 935.000 ха, од кои 817.000 ха или 90% од вкупниот шумски фонд се во државна сопственост, додека 89.000 ха, се во приватна сопственост. Според форма на одгледување, шумите во Македонија со кои стопанисува ЈП „Македонски шуми“ се високостеблени, на површина од 262.790 ха, или 29% и нискостеблени, на површина од 643.000 ха или 71% од вкупната површина под шуми. Според намената, 92% од шумите се се од стопански карактер, и тие се протегаат на површина од 834.347 ха, 17.617 ха се под заштитни шуми, а 54.036 ха опфаќаат шумите со посебна намена.

Вкупната дрвна маса со која што располага ЈП Македонски шуми” изнесува 74.343.000 м³ , со вкупен годишен прираст од 1.800.000 м³. Гледано според единица површина има 179 м³ на хектар, високостеблени, и нискостеблени 42 м³ по хектар.

Наводи[уреди]

  1. Службен весник на РМ, бр. 65/97

Надворешни врски[уреди]