ЈП „Национални шуми“

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ЈП „Македонски шуми“)
ЈП „Национални шуми“
Видјавно претпријатие
Дејностшумарство
Основано15.12.1997
СедиштеМакедонија Скопје, Македонија
Клучни личности
Жарко Караџоски (генерален директор)
ПроизводиЗаштита, развој и искористување на шумите во Македонија
Доходнепознат
Вработени
2,392[1] (2016)
Мреж. местоmkdsumi.com.mk

ЈП „Национални шуми“ (порано: ЈП „Македонски шуми“) е основано со Одлука на Владата на РМ бр. 3028/1 од 15.12.1997 г.[2], а започна со работа на 01.07.1998 г. како правен следбеник на дотогаш постојните претпријатија за стопанисување со шуми.

ЈП „Национални шуми“ стопанисува со површина од 935.000 ха, од кои 817.000 ха или 90% од вкупниот шумски фонд се во државна сопственост, додека 89.000 ха, се во приватна сопственост. Според форма на одгледување, шумите во Македонија со кои стопанисува ЈП „Национални шуми“ се високостеблени, на површина од 262.790 ха, или 29% и нискостеблени, на површина од 643.000 ха или 71% од вкупната површина под шуми. Според намената, 92% од шумите се од стопански карактер, и тие се протегаат на површина од 834.347 ха, 17.617 ха се под заштитни шуми, а 54.036 ха опфаќаат шумите со посебна намена.

Вкупната дрвна маса (волумен) со која што располага ЈП Национални шуми” изнесува 74.343.000 м3 , со вкупен годишен прираст од 1.800.000 м3. Гледано според единица површина има 179 [[м3]] на хектар, високостеблени, и нискостеблени 42 м3 по хектар.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2016 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-04-18. Посетено на 2018-04-16.
  2. Службен весник на РМ, бр. 65/97

Надворешни врски[уреди | уреди извор]