Ѕ60 (подлога)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
S60 е платформа за „паметните телефони“ базирани на Symbian оперативниот систем. Тој е продукт кој обединува кориснички интерфејс, апликации и девелопери. S60 e дизајниран од Nokia за нивните „паметни телефони“. Ѕ60 овозможува скалабилна UI поддршка. S60 се состои од пакет на библиотеки и стандардни апликации, како што се телефонија, PIM алатки, и Helix базирани мултимедијални плејери. Таа е наменета целосно да ги опреми модерните телефони со голем екран во боја, кои се најчесто познати како Smartphones.Софтверот за S60 е таканаречен Multivendor стандардизиран за смартфони кои поддржуваат развој на апликации во Java MIDP, C++, Python[1], и Adobe Flash.
Важна карактеристика за S60 телефоните е тоа што овозможуваат да се инсталираат нови апликации по купувањето. За разлика од десктоп апликациите, вградените апликации се ретко надградени од продавачот надвор од поправените грешки. Новите функции се додаваат на телефоните додека се развиваат а не по објавувањето.
Содржина |
[уреди] Заеднички карактеристики на S60 телефоните
- Ги поддржуваат Java ME (2.0 MIDP вообичаено но различно од телефон до телефон) апликациите и Symbian C++ апликациите
- Неколку копчиња се стандардни, како што се копчето за мени, џоистик во 4 насоки или таканаречен d-pad, лево и десно копчиња и копче за бришење
[уреди] Историја и развој на S60 платформата
Првото издание на Ѕ60 платформата е базирана на Symbian 6.1 платформа, која обезбедува апликации како календар, именик и фото албум и мултимедијални апликации како RealOne Player. Резолуцијата на екранот на уредите е фиксиран за 176x208.
Второто издание на Ѕ60 платформата е базирна на Symbian 7.0S вклучува:
- Theme and DRM C++ APIs
- J2ME MIDP 2.0
- Xhtml Browsing over
- TCP/IP
- MMS with SMIL support
- DRM via OMA forward-lock
- OMA client
Од 2 ро издание Feature Pack 3, S60 поддржува повеќе резолуции, односно ХТМЛ (176x208) и Двоен (352x416). Nokia N90 е првиот уред S60 за поддршка на повисока резолуција (352x416). Некои уреди, сепак, имаат нестандардни резолуции, како што е Siemens SX1, со 176x220. Nokia 5500 Sport има 208x208 резолуцијата на екранот, и E90 Nokia со својот широк 800x352 внатрешен дисплеј.
За Ѕ60v3 платформата се издадени три пакети и тоа:
- За првиот најважна особина е EDGE поддршката која овозможува побрз трансфер на податоци
- За вториот најважна особина е WCDMA
- За третиот најважна особина е преставувањето на скалбилна скрин резолуција за за овие големини 176х208, 240х320, 352х416.
Ѕ60 третото издание е моменталната верзија на Ѕ60 платформата вклучувајќи ги сите функционалности на Ѕ60 второто издание плус дополнителни особини. Најважните нови особини се усовршување на безбедноста на главната платформа и Real-time Kernel (EKA2). Првиот пакет на оваа платформа вклучува Firmware upgrade OTA, OMA Push-to-talk што овозможува воки-токи функционалност, Web browser enhancements кој ја зголемува функционалноста.
Втората и третата едиција не се бинарно компатибилни, ова значи дека апликациите за постарите верзии нема да работат на новата врзија и обратно, ова значи дека ќе треба да се направат некои измени на сорс кодот на апликациите за да би работеле на на третата едиција. Nokia и Symbian ja искористија предноста на овој BC break за да овозможат усовршена база за следните изданија.
Неколку нови работи во врска со Binary and Source Compatibility:
- Нов компајлер и алатки
- Нова архитектура на кернелот
- Безбедност на платформата
- Отстранување на застарените API-а
Оперативениот систем за третото издание работи на Symbian v9.1 со нов real-time кернел, кој поддржува:
- Поддршка за real-time апликации
- Надградена хардеврска адаптација
- Целосно одговорен за контрола на процесите, внатрешна комуникација на процеси, и менаџмент на меморија
- Овозможува основање на сигурност на платформата
Во октомври 2008 година, S60 5th Edition беше лансиран. (Nokia одлучи да се движат од 3rd Edition директно до 5-ти издание ", како љубезен гест кон азиските клиенти" бидејќи бројот четири значи лоша среќа во некои азиски култури). S60 5th Edition работи на Symbian OS верзија 9,4. главна карактеристика на 5th Edition е поддршка за висока резолуција 640x360 допир; пред 5th Edition, сите S60 уреди имаа копче-базирани кориснички интерфејс. S60 5th Edition, исто така, се интегрира стандарден C / C + + API и вклучува Adobe Flash Lite 3,0 со S60-специфични ActionScript екстензии кои даваат Флеш Лајт програмерите пристап до телефон функции како контакти, текстуални пораки, сензори и уред информации за локацијата (ГПС).
На S60 5th Edition е последната верзија на S60. Своите средства, заедно со Symbian OS, UIQ и MOAP (С) се користи како база за Symbian, отворен извор оперативен систем се развиени од страна на Symbian фондацијата. На првото издание на Symbian, Symbian ^ 1, користи S60 5th Edition на врвот на Symbian OS 9,4 како своја база.
Ѕ60 третата едиција носи нов пристам кон сигурноста, нејзината цел е да го заштити интегритетот на платформата и функционалноста од малициозни апликации. Оваа нова архитектура се фокусира на механизми за превенција вклучувајќи контрола на овозможен пристап до чувствителните API-a и податоци и податочно затварање со цел да се заштитат области од податочниот систем од малициозни апликаци.
[уреди] Пристап во систем
Апликациите имаат ограничен пристап во системот и од страна на корисникот во зависност од нивото на доверба која е овозможена од апликации кои се сертифицирани или кои побаруваат само пристап до корисничките можности до кои корисникот има пристап. Исто така Ѕ60 третата едиција бара сите апликации за бидат „потпишани“ (signed) пред да бидат инсталирани на уредот и тие не може да бидат „потпишани“ од развивачот туку треба да бидат потпишани од овластени лица.
Има неколку термини кои се користат во Ѕ60 платформата за да опишат состојбата на апликацијата:
- Unsigned – непотпишан SIS file
- Signed – SIS file потпишан од развивачот користејки клуч и сертификат добиени користејки makekeys
- Certified – SIS file кој е потпишан од овластено лице
[уреди] Околини за развивање на Symbian апликации
Постојат неколку околини за развивање на Symbian апликации, најбитни се CodeWarrior IDE v3.1 и Carbide.c++.
CodeWarrior IDE v3.1 има три изданија :
- Персонално - само за развивање на апликации и не е скапо, односно е најевтино од сите три
- Професионално - за интеграција на уреди, апликации, и развивање на игри и е поскапо од првото издание
- ОЕМ - е најскапата варијанта и вклучува run mode и дебагирање на уредот, и се користи за развој на големи проекти прототипови на хардвер и ги вклучува сите професионални функционалности плус многу други работи.
Carbide.c++ е еден од првите развивачки околини базирани на Eclipse за Symbian C++ апликации. Базиран е на Eclipse IDE и ги заменува командните линии на SDK и може да се користи како евтина варијанта за развој на апликации.Им обезбедува на некомерцијалните развивачи да можат да развиваат апликации.Главни карактеристики на Carbide.c++ се проширена SDK поддршка , целосно овозможено дебагирање, интегриран project builder, New-project wizarд , New-project template, online tutorial и project tutorial.
[уреди] Прединсталација
Пред да можеме да инсталираме една апликација на некој уред треба изведеме неколку чекори:
- Мора да се направи „release build “ на апликацијата за уредот, тоа може да се направи преку командна линија или преку развојната околина
- Да го дефинираме пакетот на податотеки кои ни се потребни, односно да знаеме кои податотеки ни се потребни и каде да ги сместиме. Треба да се изведат множество на инструкции кои се потрбни за апликацискиот SIS фајл
- Да направиме SIS фајл од претодниот пакет на податотеки
- Да го „потпишеме“ тој SIS фајл со соодветниот сертификат
- И најпосле овој SIS фајл се користи за да се инсталира апликацијата на уредот
За Symbian S60 компјалерот е базиран на ABI (Application Binary Interface) за ARM архитектура. ABI (Application Binary Interface) е стандард кој одредува како извршните податотеки и објектите кои се делат работата заедно.
Додатен софтвер е дистрибуиран за Ѕ60 уредите за инсталирање на сите SIS податотеки, којшто е инсталиран од страна на апликацијата за инсталирање на софтвер на уредот. Ова овозможува едноставен и конзистентен кориснички посредник за инсталирање на апликации или конфигурирање на S60 уред.
SIS податотеките може да содржат компресирани податотеки (.exe , .dll) вклучени во апликацијата, со држат инструкции кои му кажуваат на инсталерот каде и како да ги смести софтверските податотеки на уредот.За верзијата на Symbian OS v9.1 податотеките имаат наставка .sis. Подобрниот формат сега поддржува повекратни потпишувања и додатен фајл на пример фајлот за сигурноста на платформата, и повекето од податоците потребни за анализирање на апликацијата сега се поставени на почетокот со што се добиени придобивки во инсталирањето на апликацијата.
[уреди] 'S60 верзии и поддржани уреди
Табелата ги прикажува уредите кои имаат некоја од верзиите на S60 исто така и Symbian OS верзијата на која се базирани.
| S60 издание | S60 број на издание |
Symbian OS број на издание |
Уреди |
|---|---|---|---|
| S60, верзија 0.9 | 0.9 | 6.1 |
|
| S60 1во издание | 1.2 | 6.1 |
|
| S60 2ро издание | 2.0 | 7.0s |
|
| S60 2ро издание, Feature Pack 1 |
2.1 | 7.0s |
|
| S60 2ро издание, Feature Pack 2 |
2.6 | 8.0a |
|
| S60 2ро издание, Feature Pack 3 |
2.8 | 8.1a |
|
| S60 3то издание | 3.0 | 9.1 |
|
| S60 3то издание, Feature Pack 1 |
3.1 | 9.2 |
|
| S60 3то издание, Feature Pack 2 |
3.2 | 9.3 |
|
| S60 5то издание |
5.0 | 9.4 |
|
