Ѕвездеста мрежа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Изглед на ѕвездеста мрежа

Ѕвездеста мрежа е една од начестите компјутерски мрежни топологии. Во наједноставна форма, ѕвездестата мрежа се состои од еден централен прекинувач, центар или компјутер, кој делува како посредник за пренос на пораки. Се состои од централен јазол, на кој сите други јазли се поврзани; централниот јазол е заедничка точка за сите други јазли кои се . Во ѕвездестата топологија, секој јазол (компјутерска станица или било кој друг периферен уред) е поврзан со централниот јазол наречен центар или прекинувач. Прекинувачот е опслужувач, а периферните уреди се клиенти.[1] Така, центарот и листовите јазли, и преносните линии помеѓу нив формираат графикон со топологија на ѕвезда. Ако централниот јазол е пасивен, јазолот кој потекнува мора да биде способен да го толерира приемот на ехо од неговото емитување, забавено поради двонасочното време на пренос (т.е. до и од централниот јазол) плус какво било доцнење генерирано во централниот јазол. Активна ѕвездеста мрежа има активен централен јазол што обично има средства за да спречи проблеми поврзани со ехо.

Ѕвездестатa топологија ја намалува штетата предизвикана од линиска грешка при поврзување на сите системи во централниот јазол. Кога се применува магистрална мрежа, овај централен отвор ги реемитува сите предноси добиени од било кој периферен јазол до сите периферни јазли на мрежата понекогаш вклучивајки го и јазолот од кој потекнува. Сите периферни јазли на тој начин може да комуницираат со сите други по пат на пренесување и примање само од централниот јазол. Грешката на линијата на пренос која поврзува периферен јазол со централен јазол ќе резултира со изолација на тој јазол од сите други, но останатите во системот ќе бидат незасегнати.[2]

Исто така со секој јазол се дизајнирани (опслужувач податотеки, работни станици и периферни уреди) поврзани директно со мрежниот центар, прекинувачот или концентраторот.

Податоците за ѕвездастата мрежа поминуваат низ центарот и преклопникот пред да продолжат до неговото одредиште. Центарот и преклопникот управуваат и ги контролираат сите функции на мрежата. Таа исто така делува како повторувач за проток на податоци. Оваа конфигурација е заедничка со вкрстен пар кабел. Но таа исто така може да се употреби и кај коаксијален кабел или оптичко влакно кабел.

Предности[уреди | уреди извор]

  • Подобри перформанси: ѕвездестата топологија го спречува движењето на поголеми пакти податоци преку голем број на јазли. Во краен случај, 3 уреди и 2 врски се вклучени во било која комуникација помеѓу било кои два уреди. Иако оваа топологија има огромен центар со соодветен капацитет центарот може да се справи со многу големо експлоатирање од страна на еден уред без да влијае на другите.
  • Изолација на уреди: Секој уред е инхерентно изолиран од страна на врската со која се поврзува со центарот. Ова ја прави изолацијата на поединечните уреди јасна и постигнува дисконекција на секој уред од останатите. Оваа изолација спречува било кој нецентрализиран неуспех да влијае на мрежата.
  • Придобивки од централизацијата: централниот хуб е тесно грло, со зголемување на капацитетот или поврзувањето со дополнителни уреди многу лесно ја зголемува големината на мрежата.

Централизацијата исто така овозможува контрола на собраќајот во мрежата. Ова ја олеснува анализата на собраќајот и откривање на сомнително однесување.

  • Лесно за откривање на грешки и отстранување на делови.
  • нема прекини на мрежата при поврзување или отстранување на уреди.
  • инсталацијата и конфигурацијата е лесна бидејќи секој уред побарува врска и една влез/излез порта за да се поврзе со било кој друг уред.

Недостатоци[уреди | уреди извор]

  • голема зависност на системот на финкционирање од централниот хуб. Грешка на централниот хуб ја прави мрежата неостварлива.
  • Постои зависност од централниот опслужувач.
  • Скапи за купување.
  • Бара големиот кабел да биде поврзан.

Видете понатаму[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Roberts, Lawrence G.; Wessler, Barry D. (1970), „Computer network development to achieve resource sharing“, AFIPS '70 (Spring): Proceedings of the May 5–7, 1970, spring joint computer conference, New York, NY, USA: ACM, стр. 543–549, doi:10.1145/1476936.1477020.
  2. http://searchnetworking.techtarget.com/dictionary/definition/what-is-star-network.html#