Ѕвезден прав (филм од 2007)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


„Ѕвезден прав
Stardust
Stardust promo poster.jpg
Промотивниот постер од филмот
Режирано од Метју Вон
Сценарист Роман:
Неил Гајман
Сценарио:
Џејн Голдмен
Метју Вон
Раскажувач Ијан МекКилен
Настапуваат Чарли Кокс
Клер Денс
Рики Гирвејс
Руперт Еверет
Џејсон Флиминг
Дејвид Вејлиамс
Марк Стронг
Питер О‘Тул
со Мишел Фајфер
и Роберт де Ниро
Музика Илан Ешкери
Кинематографија Бен Дејвис
Дистрибутер Paramount Pictures
Премиера 10 август, 2007
Времетраење 128 мин.
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Буџет $88,500,000

Ѕвезден прав (англиски:Stardust) е американски филм од 2007 година, напишан според романот на Неил Гејмен. Филмот е од Paramount Pictures и е режиран од Метју Вон.

Приказна[уреди]

Тристан Трон е младо но сиромашно момче кое е заљубено во Викторија бесчувствителна девојка во потрага по богато момче а не по сиромашно како што е Тристан. За време на еден вечерен излет со Викторија тие здогледуваат како паѓа една ѕвезда. Тристан се заколнува дека отшто ја сака ќе го премине и светот ако треба само да и ја донесе ѕвездата. Тој оди во потрага по ѕвездата незнаејќи во каква авантура влегува. Во тој момент не е само тој кој забележува дека има падната ѕвезда. За да дојде до ѕвездата тој мора да помине покрај еден волшебен ѕид во неговото село незнаејќи дека кога ќе го помине ѕидот влегува во магична димензија каде ѕвездата е прекрасна девојка додека во вистинскиот свет само ѕвезден прав. Но не е само Тристан во потрага по ѕвездата. Злобната вештерка Ламиа и нејзините сестри бараат вечна младост и го сакаат срцето на ѕвездата, преживеаните синови на кралот исто така и итриот продавач на волшебни алатки.