Ѕвездени патеки (Медицина)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во однос на медицината, трикодерот е многу интересен уред, затоа што уредот искитува анализа и дијагностика над пациентот, без да треба да се прати ниеден пример во лабораторија. Денес научници имаат пронајдено начин како да се постигне тоа, но сепак со една мала разлика. Трикодерот е пример кој го инспирирал, вели кокреаторот Мајкл Сајлор, професор по хемија и биохемија на Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего.

Сензорот во центарот на силиконски чип ја менува бојата кога молекула во сензорот се врзе со молекула од примерокот што се тестира. Тој и М. Гадири од Скрипс истражувачкиот институт во Ла Џола, Калифорнија создале портабилен биосензор кој може да детектира голем број на болести, менувајќи ја својата боја. Може дури да се користи за правење на ДНА тест помеѓу примерок од место на настан и осомничен за настанот. Работи на следниот начин. Најпрво, доктор зема примерок, дали крв, плунка, урина, или слично, и го става на силиконски чип. На самиот чип има биосензори, секој третиран со посебна молекула – антителата за СИДА вирусот се пример. Ако пациентот има ХИВ, молекулите на вирусот во примерокот ќе се врзат со молекулите на антителата во биосензорите. Научниците откриваат дека биосензорот ќе даде различна боја кога молекули во сензорот се врзе со молекули од примерок на пациент. Досега, направен е биосензор со големина на димензии на човечко влакно од коса. Тоа значи дека еден ситен, од 1 сантиметар силиконски чип може да содржи илјадници сензори, секој третиран за различно заболување. Генерално, ќе се има цела лабораторија за анализа на уред со димензии на нокот од прст. Најголемото влијание има во криминалистичката (форензичка) наука. Биосензорот е толку чуствителен, така што може да направи ДНА тест на материјал со помалку од една клетка најдена на местото на настанот – без лабораторија за ДНА! Во моментот, научниците можат да направат ДНА анализа со само неколку стотици клетки, така што ова се смета за многу мало количество за мостра. Спротивно на Стар Трек трикодерот, биосензорот сѐ уште бара земање на мостра од пациентот. Но, Сејлор мисли дека еден ден ќе постои уред за кој не е потребно мостра, гледајќи ја научната фантастика како често е инспирација за реално напредување во медицината и технологијата. За сега, следниот чекор е изнесување на биосензорот на пазарот.

Клонови[уреди]

Во последниот Стар Трек филм, Ромуланците го клонираат Жан-Лук Пикард за да создадат двојник од капетанот. Шинзон - клонот – е одгледан да спротистави на Пикард во борба насила и стратегија. Но дали таков план за креирање на перфектен противник може да се случи во реалноста? Иако овој процес изгледа невозможен, оваа технологија е базирана на технологијата што се развива во денес.

Научна фантазија или реалност[уреди]

Летото 2002, италијански доктор, објавил дека жена во неговата клиника е 8 недели бремена со клон. Претходно, истата година, Американска биотехнологиска компанија тврди дека успешно креирала клониран човечки ембрион. Речиси веднаш, научниците се побуниле дека тврдењата на Италијанскиот научник не можат да се поткрепат. Самиот доктор потоа, не проговорил на оваа тема до денес. Исто така, некои експерти цврсто го оспориле успехот на Американското објавување. Според нив, кога експериментот завршил, пет дневниот ембрион бил неколку пати помал за да се смета за нормален. Дури и да е така, повеќето научници се сложуваат дека некој, некаде ќе успее во клонирање на човечко суштество, така што се сложуваат дека нема да биде лесно.

Како да се создава одмаздник[уреди]

Според Јан Вилмут, од Рослин институтот, му биле потребни 276 обиди да ја создава познатата овца „Доли“. Никој не знае дали би било полесно да се направи истото со човечки суштества.

За да се создава клон, треба да се пренесат саканите генетски информации – конците од гените наречени хромозоми – од донорот до специјајно предходно подготвена клетка. Денес, да се оствари ова, се потребни многу обиди и воопшто не е лесна работа. Потоа, треба да се исхранува клеточната единица сè додека е спремна да се всади. На крај, потребно е да се стави клетката во сурогат и со надеж дека ќе се развива нормално, до самото раѓање.

Досега, научниците немаат многу среќа со развојот на ембриони. Во 1997, научници од Универзитетот Јунтендо во Токио, успеале да конструираат вештачка матка. Користејки ја, успеале да развијат фетус од коза, жив за 3 недели. Слични обиди се прават и денес во САД, но сепак една од главните цели не е што би можеле да очекуваме. Така, целта не е ослободување на жените од товарот на бременост или пораѓање, туку помагање на ембрионите да се развијат ин витро за неколку недели покасно од регуларно, пред да се вметнат во матката. Поголемото време за развој, може да преставува помош за жените кои имале претходни проблеми со ин витро оплодување.

Под претпоставка дека технологијата е успешна, можно ли е клонот да се споредува со реална личност, израмнувајќи или дури надминувајќи ги физичките и интелектуалните можности? Ова воопшто не е толку едноставно како што креаторите на Старт Трек го опишуваат.

Спремни за освојување на вселената?[уреди]

Никој се уште не знае дали клоновите живеат толку долго колку што живеат нивните генерички донори. Поедини истражувања потврдуваат дека клонирани животни стареат побрзо, развиваат полнолетни болести порано и починуваат на помлади години. Пролета 2002, Јапонски научници во списанието „Природни Генетики“ објавиле дека нивното истражување на 12 клонирани глувци покажало дека 80 проценти од нив починале во првите 800 дена, споредено со само 8 проценти од истите не клонирани глувци.

Според Марк Вестусин, вонреден професор на Тексашкиот А&М Универзитет, Факултет за ветеринарна медицина, тој се спротивставува на овие тврдења. Тој успеал да создава клон од мачка наречен „ЦеЦе“, така што заклучува дека нема научни докази дека клонираните животни стареат побрзо.

Во секој случај, прераното стареење е последна грижа ако приоритет е креирање на војник спремен за борба, така што не е многу важно за неговото преживување. Креирањето на послушни, агресивни, паметни клонови е најверојатно највисокиот приоритет на листата. На оваа тема истотака постои несогласување затоа дали клонирањето е навистина правото решение.

Не сите научници мислат дека генетиката ја игра главната рола во откривање на комплицираните човечки шеми на однесување, како што е послушност, споредено со влијанијата на факторите од околината. Се разбира дека во Стар Трек Одмаздник, клоновите се креираат да ги извршуваат директивите на тие што ги креирале. Да се надеваме дека клоновите во реалноста ќе бидат поздрави, пријателски настроени, и помалку желни за да го окупираат светот.