Ѕвездена астрономија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Маглината Мравка

Проучувањето на ѕвездите и ѕвездената еволуција се многу значајни за да го разбереме нашиот универзум. Својствата на ѕвездите биле откриени низ набљудување и разни теории, а исто така и преку компјутерски симулации. Ѕвездите се формираат во густи области на прав и гас познати како џиновски маглини. Кога многу ќе се згуснат, делови од облакот колабираат под дејство на сопствената гравитација и образуваат праѕвезда. Доволно густото и жешко јадро ќе предисзвика нуклеарна фузија притоа создаваќи млада ѕвезда. Скоро сите елементи потешки од водород и хелиум се создаваат во внатрешноста на јадрото на ѕвездите.
Карактеристиките не новата ѕвезда зависат најмногу од нејзината почетна маса. Колку што е ѕвездата помасивна, токлу е посјајна и побрзо се троши водородот од нејзиното јадро. Со време, овој водород целосно ќе се претвори во хелиум, што значи дека ѕвездата почнува да еволуира. За Фузија на хелиумот е потребна повисока температура во јадрото, па така ѕвездата почнува да се шири со тоа што се зголемува нејзиниот волумен, а исто така и густината во јадрото. Добиениот црвен џин живее многу кратко, односно сè додека хелиумот не се потроши целосно. Многу масивните ѕвезди можат да поминат повеќе еволутивни процеси со што преку нуклеарна фузија создаваат потешки елементи. Крајниот стадиум на животот на една ѕвезда зависи од нејзината маса, така што ѕвездите со маса осум пати поголема од Сонцето се претвораат во супернови, а додека помалите ѕвезди образуваат планетарни маглини и еволуираат во бели џуџиња. Остатокот од суперновата е густа неутронска ѕвезда, или ако масата на ѕвездата е барем три пати поголема од Сонцето, тогаш се создава црна дупка. Блиските бинарни ѕвезди минуваат низ покомлексен еволутивен процес како што е трансфер на маси на две бели џуџиња кои потенцијално можат да предизвикаат супрнова. Планетарните маглини и суперновите се неопходни за пренос на металите во внатрешноста на центарот на ѕвездите, а без нив сите нови ѕвезди и нивните планетарни системи ќе беа формирани само од водород и хелиум.