Ѓула Чеснеки

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ѓула Чеснеки де Милвањ)
Гроф Ѓула Чеснеки де Милвањ
Роден 1914
Наѓмајор, Австроунгарија
Починал по 1956
Бразил

Гроф Витез Ѓула Иштван Чеснеки де Милвањ (унг: Gyula István Cseszneky de Milvány et Csesznek) (роден: Наѓмајор, Австроунгарија, 28 јуни 1914 година - Бразил, по 1970 година) е унгарски аристократ, авантyрист, коњачки офицер кој учествувал во унгарската реанексија на Северна Трансилванија, служел како помошник на хрватскиот Kрал Томислав II. Беше вклучен и во антинацистички заговори и одигра важна улога во спасувањето на европските eвреи.

Грбот на семејството Чеснеки де Милвањ

Потекнува од унгарското благородничко семејство Чеснеки де Милвањ. Во 1941 станува советник на Томислав II, крал на Независната Хрватска Држава, по што добил грофoвска титула.

Во 1943 година, под закрила на италијанските окупациски сили, станува кнез на влашкото пиндско-македонско кнежевство во Македонија под името Јулиј I. Подоцна истата година во Македонија навлегуваат германски војски и Чеснеки де Милвањ, кој има и еврејско потекло, е заробен од Гестапото. Успева да замине во Унгарија, а по крајот на војната - во Аргентина и потоа во Бразил.