Ѓорѓи Тодоровски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓорѓи Тодоровски - Трупче
Ѓорѓи Тодоровски
Занимањеглумец
Активен1979 –
СопружникРосана Сариќ[1]

Ѓорѓи Тодоровски - Трупче (Битола, 1956) — македонски театарски, телевизиски и филмски глумец.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улога
1979 Наши години ТВ-серија Ико
1980 Време, води ТВ-филм Скуле
1980 Двојка ТВ-филм Берберот
1980 Учителот ТВ-филм
1981 Војници ТВ-филм Трајче
1982 Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1982 Време на летала ТВ-филм
1982 Едно лето ТВ-серија
1982 Гласот ТВ-филм Лоранц
1984 Другарувања ТВ-серија Витко
1984 Јуначко колено ТВ-серија
1985 Тетовирани души ТВ-филм
1987 Ѕвездите од 42-та ТВ-филм
1987-1990 Чук, чук Стојанче ТВ-серија
1988 Викенд на мртовци ТВ-филм Свадбар
1988-1989 Еурека ТВ-серија Келнерот Коља
1989 Мугра ТВ-филм
1989-1993 Македонски народни приказни ТВ-серија
1991 Тврдокорни ТВ-серија
1991 Тетовирање ТВ-филм Полицаец
1991 Во кафулето кај Гане ТВ-филм Војник
1992 Сили во воздухот ТВ-филм Лале
1992 Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
2000 Погрешно време ТВ-серија Ацо
2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија
2003 Последниот фалцер ТВ-филм Циганот
2006 Патување со Рабробил ТВ-филм
2006 Мост ТВ-филм
2010 Македонски народни приказни ТВ-серија
2011 Трето па машко ТВ-серија Анастас
2013-2014 Тврдокорни ТВ-серија
2013 Старо купувам ТВ-филм Аурелие
2015 Незрели цреши ТВ-филм
2015 Последниот Македонец ТВ-филм Тодор Паница
2016 Џган ТВ-филм Социјален работник
2019 Дедо и внук ТВ-филм Доктор
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија Доктор
2023-2024 Македонски стари приказни ТВ-серија

Животопис[уреди | уреди извор]

Тодоровски е роден во 1956 г. во Битола. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје 1979 г. во класата на професорот Љубиша Георгиевски. Во 1981 г. се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Работел со многу познати тетарски режисери, а своите почетоци ги врзува со Слободан Унковски во претставите „Ослободување на Скопје“ и „Хамлет“. Со својот професор, режисерот Љубиша Георгиевски работел во претставите „Црнила“, „Еригон“, „ЈУ-антитеза“ и други. Улоги кои се паметат се и оние во претставите „Рибарски караници“, „Викенд за мртовци“, „Самоубиец“, „Зојкин стан“, „Дон Жуан“, „Ладало“, „Прости дарови“, „Жени во народното собрание“, „Дедо Мраз и Феферона“, „Хамлет од Долно Гаштани“, „Мачка на вжештениот лимен покрив“, „Македонски рулет“, „Лет во место“, „Крал Иби“, „Авантурите на Пинг и Луси“, „Салома“, „Ју антитеза“, „Свадба“, „Ноќ спроти Водици“, „Смртта на Дантон“, „Сказна за времето“, „Сили во воздухот“, и други.

Забележливи му се и улогите во многу детски претстави. Учествувал скоро на сите позначајни театарски фестивали, а зел учество и на гостувањата во Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, БиХ, Италија и други места. Во исто време учествувал во многу ТВ-проекти како ТВ-драми и ТВ-филмови, играни серии и детски ТВ-серии. Својот талент го покажал и во над 50 радио-драми како и во 4 играни филмови: „Време води“ на Бранко Гапо, „Хај фај“ - В.Блажевски, „Војници“ - Стјепан Заниновиќ и играниот италијански филм за Мајка Тереза „Глас“, каде што ја оствари улогата на Лоренцо, на познатиот италијански режисер Брунело Ронди.

Голема популарност стекнал и во ТВ-емисиите за кулинарството каде со својот шарм и вештина стана пионер и бренд за ваквиот тип на емисии. Трипати бил избран за најпопуларно ТВ-лице, а двапати за најпопуларна личност во Македонија од весникот Вечер. Во своите улоги Ѓорги Тодоровски се претставува како творец со култивиран талент, со потресни акценти и изразена глума. Во 2022 година се пензионира во Драмски театар - Скопје.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Кои се најстабилни бракови на домашната естрада?“. Backstage. 27 март 2009. Архивирано од изворникот на 2011-07-03. Посетено на 24 октомври 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]