Ѓорѓи Зисовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓорѓи Стерју Зисовски (Нижеполе, Битолско, 1922Нижеполе, Битолско) — македонски партизан, учесник во НОБ[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Зисовски е роден во битолското село Нижеполе во 1922 година, во една од најголемите фамилии во селото, позната под името Тоновци. Имотната состојба им била средна, но бидејќи биле многу деца, по завршувањето на основното училиште бил главен како момок во селото. Тој по природа бил весел младич и добар песнопоец. На 10 август 1944 година и се приклучил на Седмата бригада. Зел активно учество во многуте борби што ги водела единицата, но поради болест бил оставен во позадина, во неговото родно село. Тука тој загинал по несреќен случај.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Настани 1944 година“. Сојуз на борци од НОАВМ - Битола. Архивирано од изворникот на 2014-05-08. Посетено на 2011-01-09.