Ѓаволски ѕид

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Ѓаволски ѕид е интересна природна геоморфолошка појава покрај самиот десен брег на реката Брегалница, на јужните падини на Богословец, ниска планина западно од Штип и јужно од Свети Николе. Тоа се карпести изданоци т.е. карпести ленти кои се јасно забележливи во релјефот, а се протегаат фрагментарно во правец исток-запад-северозапад, во должина од неколку стотици метри. Појавата е последица на побрзата ерозија на еродибилните еоцени седименти песоци, песочници и друго, во однос на тектонски пореметените, вертикално поставени поцврсти карпести ленти. Овие карпи како поцврсти во однос на околните, заостануваат во релјефот во вид на природен ѕид. Според тоа, појавата воопшто не е последица на директна човечка активност или градба, освен ако не се смета човековото влијание врз забрзувањето на ерозивните процеси преку оголувањето на теренот.

Д-р Александадр Балабанов, познат класичен филолог и универзитетски професор во Лајпциг рекол дека ѓаволскиот ѕид е чудо какво не постои во светот, но ние Македонците, како и секогаш, не знаеме да ја цениме таа убавина и оригиналност.

Кога во веќе далечната 1970 година, познатиот археолог од Белград Милутни Гарашанин, случајно наиде на овој Ѕид восихитено изјави:

- Ова е неверојатно! Ова е генијално дело, сеедно дали на природата или на човекот! Ова е светско чудо! Овој импонзантен ѕид е изразито забележителен во должина од петстотини метри во правец на протегањето на Богословец, и вдолж десниот брег на Брегалница, а негови траги можат да се забележат дури и пет километри кон запад. Траги од ѕидот можат да се забележат и на левиот брег на Брегалница кои асоцираат на единственост на Ѕидот. Просечната височина се движи од 10 до 12 метри, а широк околу 2 метри. Градбата е изведена со камени блокови со просечна зафатнина од 4 кубни метри, а помеѓу нанесените камења се наоѓа тенка, црвеникава врзивна материја вешто нанесена од вештиот градител.


Содржина

[уреди] Потекло

Околу потеклото на овој во секој поглед монумент постојат разни гледишта. Дел од науката тврди дека станува за природна појава, односно дека ѕидот настанал со ерозија на околното земјиште. Според нив како “автор” на овој Ѕид е неуморниот неимар - природата, која овде, како ретко каде создала ремек дело. Наспроти ова тврдење има научници кои тврдат дека станува збор за градба, а не за природен феномен. Кон ова тврдење тие го наведуваат фактот дека такви камења како на градбата не постојат во неј-зината околина, потоа неверојатната вештина во градењето и постоењето на тенок врзивен материјал со црвена боја. Истовремено ваквата претпоставка наметнува дилеми околу тоа како се изведувало градењето бидејќи ѕидот се наоѓа на изразито тешко пристапен терен. До него, велат тие, тешко се стиг-нува пеш и донесувањето на огромните камења кои тежат и по четири тона барало и соодветна техника и соодветно умеење на градителите. Всушност, велат бранителите на овааа теза, тоа е еден од елементите што овој Ѕид го прават мистичен.


[уреди] Предание

НЛО приказни

Наспроти науката кај народот од овој регион постои верување дека градбата е дело на надеземни сили, односно на ѓаволот, па затоа и му дале име - Ѓаволски ѕид. - Таков Ѕид може да изгради само нечовечко суштество,- на повеќе пати ни изјавуваше стогодишниот и веќе покоен дедо Стројман од светиниколското село Амзабегово.- Да ја прегради Брегалница на тоа место и да изгради толкав ѕид може само Ѓаволот. Може некој да ми се смее од вас младите, ама така е. Човек тоа не може никогаш да го направи. Според легендата ѓаволот се обложил со Бог дека за една ноќ ќе изгради Ѕид и ќе ја пренасочи Брегалница преку ридот кон Овче Поле и ќе го поплави. Истата ноќ ѓаволот почна да го гради Ѕидот и тоа го правел со таква брзина што немало сомнение дека ќе ја оствари својата цел. Бог, откако видел дека заканата станува реалност и сакајќи да го спречи во намерата, пред време разбудил еден петел кој пропеал, па ѓаволот не успеал докрај да ја остари својата идеја. - Ако не го разбудел Господ петелот,- дополнуваше дедо Стројман, денес ќе го немаше Овче Поле, ќе го немаше Азмабегово, овде ќе беше езеро. Врз темелите на таа приказна се наметнало името Ѓаволски ѕид, кој истовремно ја изразувал немоќта на човекот да ја објасни велелепноста на градбата, да ја означи нејзината мистериозност и да предизивкува стравопочит. Сите тие три елементи кај месното население се присутни и денес. Исто така, кај народот, во малку подревна форма, постои верување дека овој ѕид е дело на вонземјани и како факт се наведуваат приказни според кои во последните пет децении наводно над овој ѕид биле забележани педесетина НЛО. Пред три години, во повеќе наврати во наши слободни разговори извесен Дедо Иљо од селото Богословец тврдеше дека уште кога бил дете збележувал со неговите другари необични летала што мошне често го надлетувале Ѕидот што предизвикувало страв кај месното население.. - Необичните "ароплани” ги гледаа скоро сите од селото и кришум се крстеја. Не смееја да кажат на никого оти се плашеа да не ги прогласат за луди. Приказни со НЛО - основа се особено присутни и последниве четири - пет години. Голем број на риболовци и ловци од овој регион се спремни да се заколнат дека мошне често видувале необични летала како го надлетувале Ѕидот, па дури и се спуштале до него. - Пред три години, - тврди долгододишниот риболовец Злате,- цела ноќ над Ѕидот надлетуваа летала кои не испуштаа никакви звуци и фрлаа необична сина, но продорна светлина. Цела ноќ, од другата страна на Брегалница од страв завиваа волци и кучиња. Утрото додјоа некои непознати луѓе о Штип, најдоа некој необичен метал, го зедоа и си заминаа без збор. Тоа особено често било во летните месеци, особено Август, најчесто ноќе, иако ги имало и дење. За ваквите необични и чести појави во 2000 година неколку пати се пишуваше и зборуваше и во повеќе медиуми во Македонија и странство.


[уреди] Опасност

Кај трагачите на злато постои приказна според која ова е ѕид од римскиот период, односно дека тој крие еден тунел со неверојатно големо богатство. Тој тунел е вцртан и на одредени топографски карти што на наивните трагачи по богатство им ги продаваат вешти измамници од околните земји. Тој тунел, според нив, е главната причина што последните години диви копачи на богатство сî повеќе го посетуваат овој ѕид и го оштетуваат. Последниве две години предмет на вакво опсервирање и активности Ѕидот бил и на одредени НАТО војници кои со хелихоптери често се спуштале крај самиот Ѕид. Во август минатата година медиумтие пишуваа дека еден ваков НАТО- хеликоптер кренал огромна плоча од подножјето на Ѕидот и наводно очевидци тврделе дека при тоа е однесено големо богатвство. Исто така, на повеќе пати се забележани и диви копачи од соседните земји, така што тие стануваат најголемата опасност за состојбата на овој редок феономен. - Ако не се спречат дивите копачи кои скоро секоја ноќ “вршлаат” околу Ѕидот барајќи измислено злато, наскоро, сосема наскоро тој ќе се сруши од теме,- предупредуваат група вљубеници во овој феномен што го краси дивиот простор зад Богословец.- Во тој контекст Ѕидот треба да биде ставен под заштита како национално богатство, да биде наша гордост.

И, за сето тоа време Ѕидот спокојно им одолева на забот на времето, на опасностите што му ги носи човекот и зрачи со сета своја велелепна убавина, грандиозност и мистериозност што го одземаат здивот и предизвикуваат вистинска стравопочит.


[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник