Ř
Од Википедија, слободната енциклопедија
Графемата Ř, ř (R со кукичка или „хачек“) е буква од чешката, и горнолужичката и шлезиската азбука.
Употреба [уреди]
Во чешкиот јазик, буквата ја претставува повишената венечна трепетна согласка [r̝]. Начинот на творба е сличен како кај другите венечни трепетни согласки, со таа разлика што јазикот е поткренат. Овој глас е делумно струен. Обично е звучен, но има и безвучен алофон [r̝̊] што се јавува во близина на безвучни согласки.
Во горнолужичкиот истата ја означува безвучната задновенечна струјна согласка [ʃ].
Во шлезискиот ја претставува звучната свиена струјна согласка [ʐ], обезвучена на [ʂ] во близина на безвучни согласки.
Брзозборка [уреди]
- чешки: Tři sta třicet tři střibrných střikaček střikalo přes tři sta třicet tři střibrných střech.
(„333 сребрени шприца шприцаа вода врз 333 сребрени покриви“.)