Боцвана: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 127: Ред 127:
Вкупната површина на Боцвана изнесува 600.370 километри квадратни и тоа ја прави 45-та најголема држава во светот. Како споредба, површината на Боцвана е слична со таа на [[Мадагаскар]] и нешто помала од [[Сојузни држави во САД|американската сојузна држава]] [[Тексас]]. Според пописот од 2001 година, во Боцвана живеат 1,680,863 жители, а проценките за 2010 година предвидуваат дека државата има нешто над 2 милиони жители. На југ и југоисток Боцвана граничи со [[Јужноафриканската Република]] (1840 км), на запад и на север граничи со [[Намибија]] (1360 км) и на североисток државата граничи со [[Зимбабве]] (813 км)<ref>[http://geography.about.com/library/cia/blcbotswana.htm Географија на Боцвана]</ref>. Боцвана има допирна точка со [[Замбија]] на север. Главен град на Боцвана е [[Габороне]].
Вкупната површина на Боцвана изнесува 600.370 километри квадратни и тоа ја прави 45-та најголема држава во светот. Како споредба, површината на Боцвана е слична со таа на [[Мадагаскар]] и нешто помала од [[Сојузни држави во САД|американската сојузна држава]] [[Тексас]]. Според пописот од 2001 година, во Боцвана живеат 1,680,863 жители, а проценките за 2010 година предвидуваат дека државата има нешто над 2 милиони жители. На југ и југоисток Боцвана граничи со [[Јужноафриканската Република]] (1840 км), на запад и на север граничи со [[Намибија]] (1360 км) и на североисток државата граничи со [[Зимбабве]] (813 км)<ref>[http://geography.about.com/library/cia/blcbotswana.htm Географија на Боцвана]</ref>. Боцвана има допирна точка со [[Замбија]] на север. Главен град на Боцвана е [[Габороне]].


Од географска гледна точка, Боцвана е релативно рамна земја со одреден број на висорамнини. Во државата доминантна е пустината [[Калахари]], која зазема 70% од вкупната површина на Боцвана. [[Делта Окаванго|Делатата на реката]] [[Окаванго]] е најголема копнена делта во светот и истата се наоѓа во северозападниот дел од државата. Во северниот дел од државата се наоѓа [[Макгадикгади]], големо исушено солено езеро.
Од географска гледна точка, Боцвана е релативно рамна земја со одреден број на висорамнини. Во државата доминантна е пустината [[Калахари]], која зазема 70% од вкупната површина на Боцвана. [[Делта Окаванго|Делатата на реката]] [[Окаванго]] е најголема копнена делта во светот и истата се наоѓа во северозападниот дел од државата. Во северниот дел од државата се наоѓа [[Макгадикгади]], големо исушено солено езеро.<ref>[http://www.mapsofworld.com/botswana/geography/ Geography of Botswana]</ref>


Басенот на реката [[Лимпопо]], главна географска карактеристика на [[Јужна Африка (регион)|Јужна Африка]], делумно се наоѓа во Боцвана, поточно во југоисточниот дел од земјата. Реката [[Чобе]] се наоѓа во северниот дел од Боцвана и истата служи како граница меѓу Боцвана и Намибија. Реката Чобе се спојува со реката [[Замбези]] во местото наречено [[Казунгула]].
Басенот на реката [[Лимпопо]], главна географска карактеристика на [[Јужна Африка (регион)|Јужна Африка]], делумно се наоѓа во Боцвана, поточно во југоисточниот дел од земјата. Реката [[Чобе]] се наоѓа во северниот дел од Боцвана и истата служи како граница меѓу Боцвана и Намибија. Реката Чобе се спојува со реката [[Замбези]] во местото наречено [[Казунгула]].

Преработка од 12:54, 29 јануари 2012

Република Боцвана
Republic of Botswana
Lefatshe la Botswana

Знаме Грб
ГеслоPula („Дожд“)
ХимнаFatshe leno la rona
(„Нашата земја“)
Местоположбата на  Боцвана  (темносино) – во Африка  (светлосино и темносино) – во Африканската Унија  (светлосино)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Боцвана  (темносино)

– во Африка  (светлосино и темносино)
– во Африканската Унија  (светлосино)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Боцвана  (темносино)

– во Африка  (светлосино и темносино)
– во Африканската Унија  (светлосино)  —  [Легенда]

Главен градГабороне
25°40′S 25°55′E / 25.667° ЈГШ; 25.917° ИГД / -25.667; 25.917
Најголем град гл. град
Службен јазик англиски
сецвански
Демоним Боцванец
Уредување парламентарна република
 •  Претседател Јан Кама
 •  Потпретседател Момпати Мерафхе
Независност
 •  од Обединетото Кралство 30 септември 1966 
Површина
 •  Вкупна 581,730 км2 (47-ма)
 •  Вода (%) 2.6
Население
 •  проценка за 2010 г. 2,029,307[1] (144-та)
 •  Попис 2001 1,680,863 
 •  Густина 3.4 жит/км2 (229-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2010 г.
 •  Вкупен $28.491 милијарди[2] 
 •  По жител $15,489[2] 
БДП (номинален) проценка за 2010 г.
 •  Вкупно $14.030 милијарди[2] 
 •  По жител $7,627[2] 
Џиниев коеф. (1993)63[3]
Error: Invalid Gini value
ИЧР (2010) 0.633[4]
Error: Invalid HDI value · 98-ма
Валута Пула (BWP)
Часовен појас ЦАВ (UTC+02)
 •  (ЛСВ) н.п. (UTC)
Се вози на left
НДД .bw
Повик. бр. +267

Боцвана (сецвански: Botswana; англиски: Botswana) или официјално Република Боцвана (Lefatshe la Botswana, Republic of Botswana) е независна држава во Јужна Африка. Државата порано била британски протекторат познат како Бечуаналенд. Откако државата се стекнала со независност на 30 септември 1966 година, официјалното име биле променето во денешната форма. Боцвана се граничи со Јужна Африка на југ и југоисток, со Намибија на запад и на север и со Зимбабве на североисток. Боцвана има допирна точка со Замбија, но сепак овој дел од границата не е добро утврден[5]. Главен град на државата е Габороне, а официјални јазици се сецвански и англиски. Боцвана има вкупна површина од 581,730 километри квадратни и население од 2,029,307 жители според проценките од 2010.

Географски земјата е рамна и до 70% од територијата е претставена од пустината Калахари. Боцвана има нешто над 2 милиони жители и тоа ја прави една од најслабо населените држави во светот. Боцвана била една од најсиромашните држави во Африка во моментот кога се стекнала со независност во 1966 со БДП од 70 долари по глава на жител. Денес, Боцвана е една од најбрзо растечките економии во светот со БДП од 14.400 долари по глава на жител[6]. Државата е дом на еден релативно стабилен политички систем и брзорастечка пазарна економија. Економијата на земјата е една од најуспешните во Африка и брзо се развива услужниот сектор, светски познатата дијамантска индустрија, туризмот и производството.

Етимологија

Името на државата потекнува од сецванскиот јазик и значи „земја на Цваните“. На сецвански јазик, префиксот бо- се става пред коренот на името (во овој случај народот Цвана) и се добива името на државата.

Историја

Рана историја

Територијата на Боцвана била населена со коисански народи со илјадници години. Еден локалитет во ридот Цодило во северозападна Боцвана содржи археолошки докази дека на таа територија имало коисански народи од 17.000 г.п.н.е. па до околу 1650 година. Во тој период коисанските народи биле ловци и собирачи на плодови, нивните алатки биле изработени од камен, дрво или коска и нивната култура била означена како „доцно камено доба“. Овој начин на живот бил нашироко прифатен во регионот, особено во северните предели на Боцвана. [2]

Во изминатите векови, коисанските народи преминале од примитивниот начин на живот во сточари и одгледувачи на говеда и овци. Говедата и овците биле донесени од Источна Африка. Некои коисански народи емигрирале низ централна Намибија и пристигнале сè до 'ртот Добра Надеж. Во тој периот коисанските јазици за прв пат биле воведени во Јужна Африка.[3]

Банту-период

Земјоделството и одгледувањето на добиток од стран на банту-народите било расширено јужно од екваторот со илјадници години. Од Западна Африка, за време на доцното камено доба, земјоделството било пренесено во Ангола, во 380 година започнало да се употребуваат и алатки во регионот на реката Замбези. Од другата страна пак, источноафриканското земјодество се проширило низ саваните и во околу 20 година било воведено во регионот на реката Замбези. Овие народи, покрај тоа што вовеле земјоделство и сточарство, тие ги вовеле и банту-јазиците во регионот. [4]

Биле потребни стотици години да се заменат коисанските традиционални принципи на живот во регионот Окаванго и Макгадикгади со банту-вредности. Во 200-те години луѓето почнале да изработуваат керамика, која според археолошките пронајдоци, била мешавина од коисански и банту-елементи.[5]

Најстарото археолошко пронаоѓалиште во Боцвана од железното доба е Цвапонг, кое се наоѓа во Палапје и датира од 190 година. Се претпоставува дека наоѓалиштето е од источни банту-фармери од регионот на долината Лимпопо. Во северните делови од државата се населиле западни банту-фармери. Во западните делови од државата биле пронајдени колиби за кои се верува дека потекнуваат од 420 година, додека исти такви населби биле пронајдени во Преторија, но тие потекнувале од 300 година. Денес има и докази дека имало банту-фармери во Окаванго, кои опстојувале паралелно со коисанските народи. Таква населба била Цодило, која потекнува од 550 година. Потешкотија за археолозите е да ги дефинираат карпестите цртежи во Цодило, за кои традиционално се верува дека биле насликани од Бушмани.[6]

Први кралства

Од 1095 година, југоисточна Боцвана била дом на нова култура, чиј центар бил Морцане во близина на Габане. Морицанската култура е традиционално поврзана со Кгалагдиското кралство, најзападната сотоанско-цванска група.[7]

Во источните предели на централна Боцвана, во околината на Серове, се развила силна сточарска традиција, која била под доминација на населението од брдата Тоуцве од 600/ 700 па сè до 1200/ 1300 година. Просперотетот на државата бил базиран на одгледувањето добиток. Народот Тоутцве исто така се занимавал со ловење и со трговија во долината Лимпопо.[8]

Државата на Тоуцве била освоена од народот Мапунгубве, која првично се наоѓала во регионот на реките Лимпопо и Шаше. Освојувањето се случило во перидот 1200/ 1300 година. Мапунгубве забележале голем развој поради трговијата со злато преку реката Шаше па сè до Индискиот Океан. Главниот центар на Тоуцве бил напуштен, но новите владетели ги зачувале останатите населени места поради одредени придобивки. Сепак, оваа држава во развој била краткотрајна и државата Големо Зимбабве, која се развила северно од Лимпопо, ја освоила цела територија. Најголемиот цут Зимбабве го забележал во периодот од 13 до 15 век. Наследничка на Големо Зимбабве била државата Бутуа, која се развила во западно Зимбабве.[9]

Државата Бутуа наскоро потпаднала под контрола на Чибундуле, а подоцна во 1685 година и под власт на Розвите. За време на владеењето на Розвите, Бутуа станала позната како Каланга.[10]

Издигнувањето на Цваните

Во периодот 1200 до 1400 година, поголем број моќни династии започнале за да се развиваат во западен Трансвал и нивната моќ почнала да се шири низ регионот. Фокензите се прошириле јужно кон Јужносотоанските народи, додека Ролонзите се прошириле западно кон Калагариските народи. Се претпоставува дека или Калагаријците ги прифатиле Ролонзите или се преселиле западно низ Калахари. Моќта на Ролонзите била голема и често имале воени конфликти со народот Таунг.[11]

Главните цвански династии Хуруце, Квена и Кгатла настанале од династијата Пофу. Цваните се одделиле во 1500/ 1600 година во западен Трансвал. Спред народните прекажувања, Цваните се одделиле од сродниот народ поради сушата во првичаната татковина и станале независно кралство. Според археолошките докази, до 1700 година Цваните живееле во мали колиби, а по 1700 година биле забележани и камени структури. Сите овие кралства во регионот се бореле за превласт, трговија и поголеми приходи од сточарството.[12]

Цванските династии Квена и Хуруце го основале кралството Нгвакеце во југоисточна Боцвана во 1700 година. По 1750 година, ова мало кралство прераснало во моќна воена држава која ги контролирала ловството и одгледувањето на добиток во Калахари, како и производството на бакар во Кање. Квените се населиле во Молепололе, а некои Квени се населиле и во Шошонг.[13]

Бечуаналенд

Во 19 век избиле непријателства меѓу племињата Цвана и Ндебеле и кои правеле упади во Боцвана од североисток. Тензии, исто така, ескалирале со Бурските (Европски) доселеници од исток. По жалбите од страна на лидерите на Боцвана Кама III, Батоен и Себеле за помош, британската влада го ставила "Бечуаналенд" под нејзина заштита на 31 март 1885 година. Северната територија останала под директна управа како Протекторат Бечуаналенд'' и е денешна Боцвана, додека јужната територија станала дел од колонијата Кејп и сега е дел од северозападна провинција Јужна Африка. Мнозинството луѓе кои зборуваат сецвана живеат во Јужна Африка.

Кога Сојузот на Јужна Африка е формиран во 1910 година од главните британски колонии во регионот, протекторатот Бечуаналенд и Баситоленд (сега Лесото) и Свазиленд ( "Високата комисија за територии") не биле вклучени, но било обезбедено нивно подоцнежно оформување.

Географија и клима

Карта на Боцвана.
Каракетристики

Вкупната површина на Боцвана изнесува 600.370 километри квадратни и тоа ја прави 45-та најголема држава во светот. Како споредба, површината на Боцвана е слична со таа на Мадагаскар и нешто помала од американската сојузна држава Тексас. Според пописот од 2001 година, во Боцвана живеат 1,680,863 жители, а проценките за 2010 година предвидуваат дека државата има нешто над 2 милиони жители. На југ и југоисток Боцвана граничи со Јужноафриканската Република (1840 км), на запад и на север граничи со Намибија (1360 км) и на североисток државата граничи со Зимбабве (813 км)[7]. Боцвана има допирна точка со Замбија на север. Главен град на Боцвана е Габороне.

Од географска гледна точка, Боцвана е релативно рамна земја со одреден број на висорамнини. Во државата доминантна е пустината Калахари, која зазема 70% од вкупната површина на Боцвана. Делатата на реката Окаванго е најголема копнена делта во светот и истата се наоѓа во северозападниот дел од државата. Во северниот дел од државата се наоѓа Макгадикгади, големо исушено солено езеро.[8]

Басенот на реката Лимпопо, главна географска карактеристика на Јужна Африка, делумно се наоѓа во Боцвана, поточно во југоисточниот дел од земјата. Реката Чобе се наоѓа во северниот дел од Боцвана и истата служи како граница меѓу Боцвана и Намибија. Реката Чобе се спојува со реката Замбези во местото наречено Казунгула.

Пејзаж од делтата Окаванго.
Национални паркови и резервати

Боцвана има разновиден див животински и растителен свет. Покрај делатата и пустината, во државата има пасишта и савани, каде гнуа, антилопи и останати сисари и птици опстојуваат. Северниот дел од Боцвана е дом на една од ретките поголеми групи на африкански див пес. Националниот парк Чобе, кој се наоѓа во округот Чобе, е дом на најголемата концентрација на африкански слон. Паркот има површина од 11.000 километри квадратни и во него живеат над 350 видови птици.

Националниот парк Чобе и резерватот Мореми, кој се наоѓа во делатата Окаванго, се главни туристички дестинации. Покрај овие, во држава се наоѓаат и Централнокалахарскиот резерват, Националниот парк Макгадикгади и Националниот парк Нхај. Резерватот Машату е во приватна сопственост и се наоѓа во близина на реките Шаше и Лимпопо. Покрај него, во Боцвана има уште еден приватен резерват кој се наоѓа во близина на Габороне и се нарекува Моколоди.

Еколошки проблеми
Националниот парк Чобе.

Моментално Боцвана се соочува со два еколошки проблеми: суша и опустошување. Опустошувањето во Боцвана е тесно поврзано со сушните периоди. Поради сушата, 75% од луѓето и животинскиот свет во државата се зависни од подземните води. Подземните води ги ублажуваат ефектите на сушата. Подземните води се црпат со помош на бушење длабоки дупки, кои пак резултираат со ерозија на земјата. Површинската, надземна, вода во Боцвана е многу малку затсапена и само 5% од земјоделството на Боцвана користи дождовни води. Поради овој проблем, се зголемило одгледувањето на добиток како главен извор на приход. Како последица на тоа, 71% од површината на државата се користи за пасење, кој е исто така еден од причините за опустошување на земјиштето.[9]

Топографска карта на Боцвана.

Бидејќи одгледувањето добиток во Боцвана станал профитабилен бизнис, земјиштето и понатака се експлоатира. Животинскиот свет во Боцвана почнал драстично да се намалува. Во периодот од 1966 до 1991 година, добитокот се зголемил од 1.7 милиони на 5.5 милиони грла.[9]:64. Исто така, бројот на луѓето се зголемил од 547.000 на 1.5 милиони жители во 1995 година. Над 50% од домаќинствата во Боцвана чуваат добиток и моментално е најголем извор на приход за руралното население. Поради намаленоста на обработката на земјата и големата застапеност на пасишта, се зголемило опустошувањето на земјиштето.[9] Исто така, во Боцвана се издале извештаи каде се вели дека и делтата Окаванго се суши поради пасењето.[10]

Одделот за шумарство и ресурси веќе има започнато проекти за повторно засадување локална вегетација во Јужен Кгалагди, Северен Квененг и Ботети.[11] Со посадувањето на локална вегетација се очекува да се намали опустошувањето на земјата. Владата на САД исто така склучила договор со Боцвана, при што државата се стекнала со 7 милиони долари со што државата си го намалила јавниот долг. Со намалениот долг, Боцвана може да се насочи кон поинтензивни мерки за спречување на еколошките проблеми.[10] Програмата за развој на САД тврди дека главен проблем за преголемата експлоатација на ресурите е директно поврзана со нивото на сиромаштија во земјата.

Клима

Боцвана е полу-сушна држава, поради кратките дождливи сезони. Сепак, поради релативно високата надморска височина и континенталната местоположба, државата има суптропска клима. Сушната сезона во Боцвана трае од април до октомври во јужниот дел и до ноември во северниот дел, каде сепак има поголеми врнежи. Јужниот дел од земјата е изложен на постудени ветришта за време на зимскиот период од мај до август, кога средна температура е 14 степени. Целата држава има топли лета со средна температура од 26 степени. Целата држава е ветровита и прашлива за време на сушната сезона.[12]

Политички систем

Зградата на Собранието на Боцвана.

Боцвана е демократска република, каде претседателот на Боцвана е шеф на државата и владата. Извршната власт е во рацете на владата. Законодавната власт под ингеренции на Собранието на Боцвана и владата. Последните парламентарни избори се одржале на 16 октомври 2009 година и истите биле десетти по ред.

Уште од независноста, политичкиот систем во Боцвана бил под доминација на Боцванската демократска партија. Судската власт во државата е независна од останатите два типа на власт. Според „Transparency International“, Боцвана е најслабо корумпирана држава во Африка и се споредува со Португалија или Јужна Кореја.[13] Сепак, за државата се смета дека има најтајни јавни институции. [14]

Локалната власт во Боцвана е во рацете на окружните совети и петте градски совети. Окружните управници имаат извршен авторитет и истите се назначени од централната власт. Управниците соработуваат со назначени и избрани окружни советници и окружни комитети за развој.

На последните избори во 2009 година, следниве политички партии зеле учество: Боцванска демократска партија, Боцвански национален фронт, Боцванска конгресна партија, Боцванска народна партија, Движење Маркс, Енгелс, Ленин и Сталин, како и некоку независни кандидати.[15]

Одбрамбени сили

Двајца членови на Боцванските одбрамбени сили во акција во Сомалија.

Во моментот кога Боцвана се стекнала со независност, во државата немало обрамбени сили. Кога родезиските и јужноафриканските воени сили се судриле со активистите на ЗИПРА и ИС, тогаш Боцвана ги создала своите воени сили.[16]Боцванските обрамбени сили биле создадени во 1977 година. Претседателот на Боцвана е командир на воените сили и шеф на советот за одбрана. Одбрамбените сили на Боцвана бројат околу 12.000 членови.

По политичките промени во Јужна Африка и во регионот, одбрамбените сили на Боцвана се фокусирале на заштита од ловокрадство, подготовки при катастрофи и зачувување на меѓународниот мир. Како најголем придонесувач за развојот на војската е САД и голем дел од воените лица на Боцвана се стекнале со американска обука.

Одбрамбените сили на Боцвана имале учество и во меѓународни операции. Некои позначајни учества на Боцванските сили се:[17]

  • учество во „Операција - возобнување надеж“, воена операција на САД во Сомалија за враќање на мирот во таа држава,
  • во периодот 1993-1994, боцвански тим учествувал во мировните операции на ООН во Руанда, но во улога на набљудивач. Истата година, боцвански тим бил испратен и во Мозамбик.
  • боцванските сили биле дел од опациите и во Лесото во 1998 година. Оваа операција завршила со тренирање на Одбрамбените сили на Лесото. Боцванските сили се повлекле од Лесото кога ситуацијата била безбедна и стабилна.

Административна поделба

Боцвана е поделена на 15 окрузи, од кои 9 се рурални, а 6 се урбани. Окрузите се управувани од окружни и градски совети. До 2001 година Чобе бил посебен округ, но бил споен со Северозападниот округ, кој бил познат под името Нгамиленд.[18]

Рурални окрузи
  1. Централен округ
  2. Ганзи
  3. Кгалагади
  4. Кгатленг
  5. Квененг
  6. Североисточен округ
  7. Нгамиланд
  8. Југоисточен округ
  9. Јужен округ
Градски окрузи
  1. Габороне
  2. Франсистаун
  3. Лобаце
  4. Селеби-Пикве
  5. Џваненг
  6. Сова

Економија

Од својата независност, Боцвана е една од најбрзо растечките економии во светот според БНП[19] . Боцвана се трансформирала од една од најсиромашните земји во светот во земја со среден стандард на живеење. Според анализите, стандардот на живеење според населението се споредува со тој на Мексико и Турција[20].

Демографија

Религија
Религија во Боцвана[1]
религија процент
Христијанство
  
71,6 %
нема
  
20,6 %
староседелски
  
6 %
други
  
1,4 %
неопределени
  
0,4 %

Се проценува дека околу 70 проценти од населението на Боцвана се Христијани. Најголеми христијански групи се Англиканите, Методистите и црквата на Јужна Африка[21]. Покрај овие, во државата има и Лутерани, Католици, Адвентисти, Баптисти, Мормони и останати помали христијански групации.

Според пописот од 2001 година, во државата имало 5000 Муслимани, кои биле по потекло од Јужна Азија. Исто така, според истиот попис, во државата биле забележани 3000 Хиндуси и 700 Бахаисти. Околу 20% од вкупното население на државата се изјаснило дека нема религија. Религиските обреди се обслужуваат, како во урбаните, така и во руралните средини.[22]

Народ
Бушмани од Боцвана.
Девојче со товар.

Боцвана е национална земја на Цваните. Тие сочинуваат околу 79% од вкупното население[23], а потоа следуваат Каланга со 11%, Басарва со 3%, Кгалагади со 3%, белци со 3% и други со 1%[24]. Покрај овие, во државата има и Бушмани, Бајеи, Бамбукушу, Басубија и Бахереро. Боцвана е дом и на мала група Индијци, чиј број е скоро ист со тој на белците. Индијците се доселеници од останатите африкански држави, каде емигирирале од Индискиот Полуостров. Белците се воглавно со англиско или холандско потекло и во регионот се населиле со колонизацијата на Јужна Африка.

Од 2000 година, поради лошата економска состојба во Зимбабве, бројот на Зимбабвејци во Боцвана се зголемил значително.[25]

Помалку од 10 000 Бушмани сè уште живеат според традиционалните норми. Уште од 1990-те години, владата на Боцвана се обидува да ги исели Бушманите од нивните места.[26] Професор Џејмс Анаја, висок функционер на ООН за човекови права, ги осудил постапките на Боцвана за иселување на Бушманите од нивните земјишта.[27][28]

Јазик

Официјални јазици во Боцвана се англиски и сецвански[24]. Англискиот јазик започнал да се зборува во регионот со британската колонизација на Јужна Африка и истиот бил официјален јазик во протекторатот Бечуаналенд. Со независноста на Боцвана и сецванскиот јазик станал официјален, кој патем најмногу се зборува во државата. Карактеристично за овој јазик се префиксите, кои имаат голема важност. Меѓу поголемиот број префикси, позначајни се префиксите бо-, ба-, мо- и се-. Префиксот бо- се користи за името на државата, префиксот мо- се користи за еден човек од народот Цвана, префиксот ба- се користи за народот Цвана и префиксот се- се користи за јазикот. Така, од коренот „цвана“ се добива „Боцвана“ (држава), „Бацвана“ (народ), „Моцвана“ (еден човек од народот Бацвана) и „Сецвана“ (јазикот). Покрај сецванскиот, во државата се зборуваат и каланга, сарва, недебеле и во некои делови африканс.

Култура

Универзитетот Боцвана.
Амантле Монтшо е позната боцванска спортистка.
Карпеста уметност во Боцвана.
Пустината Калахари.
Залез во Боцвана.

Образование

Во моментот кога Боцвана се стекнала со независност, во државата имало многу мал број дипломирани лица, и мал процент на луѓе со средно образование. Боцвана ја зголемила писменоста на возрасното население од 69% во 1991 година на 83% во 2008.[29]

Со откривањето на дијаманти и приходите кои владата ги добила од тоа, се забележал голем пораст на образованието во државата. На сите деца им се гарантира десетгодишно основно образование. Околу половина од учениците во Боцвана посетуваат дополнителни две години средно образование. Средното образование во Боцвана не е бесплатно и не е задолжително.

По завршувањето на средното образование, учениците може да се запишат на еден од шесте колеџи во државата или да се запишат на некои курсеви. Во државата функционираат Универзитетот Боцвана, Боцвански земјоделски колеџ и Боцвански сметководствен колеџЖБоцванскиот сметководствен колеџ. Покрај овие, во државата има и уште одреден број приватни високообразовни институции. Голем дел од студентите се стекнуваат со државна школарина. Владата на Боцвана е во изградба и на вториот државен универзитет - Боцвански меѓународен универзитет за наука и технологија.

Спорт

Фудбалот е најпопуларен спорт во државата. Најголем успех на боцванскиот фудбал е квалификувањето на Африканскиот Куп 2012. Покрај фудбалот, во државата популарни се крикетот, тенисот, рагбито, ракометот и голфот[30][31] Боцвана е член на Меѓународниот совет за крикет.

Боцвана нема медал на Олимписките игри, но во 2011 година Амантле Монтшо станала светски шампион во трки на 400 метри и таа станала првиот атлетичар од Боцвана кој освоил медал на меѓународно ниво. Покрај Амантле, Кабело Кгосиеманг е исто така познат атлетичар, кој бил три пати африкански шампион во скок во височина.

Уметност и кујна

Боцванската музика е вокална и се изведува без тапани. Голема улога во боцванската музика имаат жичаните инструменти. Традиционални боцвански инструменти се сетинкане и сеганкуре. Во последните години гитарата станала неопходен дел од боцванската музика.

Кујната во Боцвана е уникатна, но сепак споделува карактеристики со останатите јужноафрикански кујни. Популарни јадења во Боцвана се пап, буревурс, самп, феткек и црви мопане. Карактеристично за Боцвана е сесва, солено мешано месо.

Најстарите боцвански и јужноафрикански цртежи на луѓе, животни и лов се наоѓаат во пустината Калахари. Цртежите биле изработени од Бушмани и се стари преку 20 000 години.

Национални празници

Националните празници во Боцвана се[32]:

Датум Македонско име Локално име
1 јануари Нова Година Ngwaga o mosha
2 јануари Општ празник
варира[33] Велики петок Labotlhano yo o molemo
Велигденски понеделник
варира[34] Велигден Tlhatlogo
1 јули Ден на Сереце Кама
19 јули Ден на претседателот
20 јули Општ празник
30 септември Ден на независност Boipuso
25 декември Божиќ Keresemose
26 декември/27 декември Ден на добра волја
Денот после Божиќ е исто така неработен ден.

Галерија

Повеќе...

Наводи

  1. 1,0 1,1 Central Intelligence Agency (2009). „Botswana“. The World Factbook. Посетено на 3 February 2010.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Botswana“. International Monetary Fund. Посетено на 2011-04-21.
  3. „Distribution of family income – Gini index“. The World Factbook. CIA. Посетено на 2009-09-01.
  4. „Human Development Report 2010“ (PDF). United Nations. 2010. Посетено на 5 November 2010.
  5. Zambia-Botswana border
  6. „CIA - The World Factbook“. CIA. Посетено на 25 November 2011.
  7. Географија на Боцвана
  8. Geography of Botswana
  9. 9,0 9,1 9,2 Darkoh (PDF), IS: Rala
  10. 10,0 10,1 „Botswana, US sign 'Debt-for-Nature' agreement“. Afrol. Посетено на 2010-07-04.
  11. NOTCDIB (PDF), UNCCD
  12. General Survey of Climatology, Landsberg (ed.),Elsevier, 2001
  13. Transparency International 2008 Corruption Perception Index 2008. Retrieved 7-23-09.
  14. Botswana, Southern Africa's most secretive state [1]. Retrieved 12-11-11.
  15. Political parties of Botswana
  16. Parks, Michael (20 May 1986). „S. Africa Raids 3 Nearby Nations : Attacks Rebel Bases in Capitals of Zimbabwe, Zambia and Botswana“. Los Angeles Times.
  17. Мировни мисии на БОС
  18. Окрузите во Боцвана со поголеми градови.
  19. Botswana (01/08)
  20. GNI PPP table
  21. Botswana Travel Guide: Religion
  22. „U.S. Department of State“. State.gov. 2007-09-14. Посетено на 2010-01-19.
  23. Ethnic groups of Botswana
  24. 24,0 24,1 Предлошка:Цитирана мрежна страница
  25. Betts, Alexander; Kaytaz, Ezra (2009). „National and international responses to the Zimbabwean exodus: implications for the refugee protection regime“ (PDF). Research Papers. 175. Policy Development and Evaluation Service, United Nations High Commissioner for Refugees. Наводот journal бара |journal= (help)
  26. African Bushmen Tour U.S. to Fund Fight for Land. National Geographic News.
  27. „UN report condemns Botswana's treatment of Bushmen“. Survival International. Посетено на 2010-07-04.
  28. „Challenges faced by Botswana's indigenous require Government action – UN expert“. Un.org. 2010-02-25. Посетено на 2010-07-04.
  29. „UNESCO Institute for Statistics“. Stats.uis.unesco.org. Посетено на 2011-08-21.
  30. „Sparks to fly at Diamond“. Botswana Press Agency (BOPA). Посетено на 2008-01-18.
  31. „Opinion the Academic World“. Botswana Press Agency (BOPA). Архивирано од изворникот на 3 October 2006. Посетено на 2008-01-18.
  32. Botswana Public Holidays
  33. Вообичаено во март или април.
  34. Вообичаено во мај

Користена литература

  1. ^ Парсонс, Н. (2000), Кратска историја на Боцвана

Поврзано

Надворешни врски

Предлошка:Link GA