Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Myanmar" does not existМестоположба во Мјанмар.
Непјидо (бурмански: နေပြည်တော်) — главен град на Мјанмар (Бурма). На 6 ноември2005 година, административниот центар на Мјанмар бил официјално префрлен западно од Пјинмана или околу 320 километри од стариот главен град Јангон. Офцијално новиот град бил прогласен на 27 март2006 година за време на денот на воените сили на Мјанмар. Голем дел од градот е сè уште во изградба и се верува дека целосно ќе биде завршен во 2012 година[5] Во 2009 година имал население од 925.000 жители. Непјидо е трет најголем град во државата, веднаш зад Јангон и Мандалеј.
Непјидо или Nay Pyi Daw често се преведува како „кралски главен град“,[6] „седиште на кралот“ или „дом на кралевите“.[3] Традиционално, целиот збор се ставал како суфик на поранешните главни градови на Мјанмар, како што е Мандалај кој се викал Мандалај Непјидо. Зборот буквално се преведува како „кралски град на сонцето“.
Непјидо се наоѓа меѓу планинските венци Пегу и Шан. Градот зафаќа површина од 7,054.37 километри квардатни и има население од 924,608 жители. Северно од градот се наоѓа браната Чаунгмаѓи, а јужно се наоѓа браната Нгалаик.